Гласањето помина со 210 против 190, а во таборот ЗА имало и некои Демократи.
Законот би требало да стапи во сила во 2025 година и иако „кратењето даноци“ секогаш звучи добро, со новите правила, во следните 10 години би се додале 600 милијарди долари на националниот долг. Во последователната декада товарот би изнесувал дури 3,2 трилиони долари.
Иако помина во претставничкиот дом, предлогот на Републиканците тешко дека ќе помине и во Сенатот бидејќи го надминува лимитот од 1,5 трилиони долари, во рамки на кој Сенатот може да носи одлуки со просто мнозинство.