А луѓе од алуминиум се плашеа:

Американската војска распрснувала ебола вирус

Приватниот дневник на докторот Ентони Фаучи открива дека американската армија пред една деценија прскала мајмуни со ебола за да провери како вакцинирани субјекти реагираат на смртоносниот вирус. Експериментот потврдил дека изложеноста на ебола во форма на аеросол предизвикува потешки последици кај единките кои претходно примиле вакцина.

Како водечки научник во Националниот институт за алергии и заразни болести, докторот Фаучи во 2016 година бил директно запознаен со експериментите со ебола врз животни. Неговата институција всушност го финансирала истражувањето спроведено во лабораторијата на Одделението за медицински истражувања за заразни болести (USAMRIID) на Армијата на САД во Форт Детрик.

Се споредувало дејството на четири вакцинирани мајмуни изложени на ебола во форма на аеросол. Вештачки предизвиканата изложеност го внесувала вирусот длабоко во белите дробови, на начин на кој тоа не би се случило при природна инфекција. Фаучи во својот дневник изразил загриженост поради резултатите дека капките со вирусот предизвикале потешки последици кај вакцинирани субјекти, отколку кај невакцинираните.

Иако речиси сите животни изложени на аеросолот угинале, Министерството за одбрана забележа дека вакцинираните животни имале поголемо воспаление во белите дробови отколку невакцинираните. Целта на експериментите беше да се утврди дали станува збор за вистински феномен и дали тој е релевантен.

Повторувам, сметам дека сето ова е важно за био-одбраната, но има мала поврзаност со природните епидемии на ебола. Сепак, идејата дека вакцината може да предизвика штета сега предизвикува голема загриженост кај луѓето, запишал Фаучи во дневникот.

Забележал дека таквите истражувања треба да се чуваат како строго доверливи, за да не се поткопа јавната доверба во кампањата за вакцинација во африканските земји погодени од епидемија на ебола.

Какви идиоти се тие од USAMRIID. Ова требаше да биде доверлив експеримент и воопшто не требаше да се спроведе. Сега морам да разговарам со SKIF за да ја расчистам кашата и да објаснам зошто ова е ирелевантен експеримент - запишал во март 2016 година, алудирајќи на службата против протекување електронски комуникации.

Армијата експериментирала со ебола во време кога САД планираа да испратат вакцини во земјите од Западна Африка погодени од епидемија. Фаучи забележал дека претставници од Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне реагирале бурно и со голема вознемиреност, бидејќи стравувале дека САД ќе им испратат неефикасни вакцини.

Директорот за национално разузнавање во почетокот на годинава откри дека владата на САД за време на мандатот на Фаучи финансирала голем број лаборатории за патогени ширум светот, вклучително и во воени зони. Претседателот Доналд Трамп неодамна потпиша извршна наредба со која забрани истражувања од типот „стекнување на функција“ со кои вирусите се модификуваат за да бидат посмртоносни за луѓето.

Во низата електронски пораки разменети за време на истражувањето за ебола било спомнато и федерално истражување за коронавируси.

Во меѓувреме, сепак, ќе продолжиме да правиме планови за започнување на студијата за CoV штом ќе добиеме зелено светло, напишал научникот од NIAID, Питер Јарлинг.

Оваа порака била четири години пред да избувне пандемијата на ковид-19. Во 2012 година научниците биле заинтересирани за проучување на семејството на коронавируси поради ширењето на MERS-CoV - вирусот што ги предизвикува Блискоисточниот респираторен синдром. Подоцна истата година, научници од Северна Каролина објавија дека такви коронавируси се присутни кај лилјаци во Кина и имаат потенцијал да преминат и врз луѓе.

Новите откритија од дневникот на Фаучи откриваат обиди на федералната влада да ги скрие опасните истражувања наместо да ги запре. Документите покажуваат дека NIAID финансирал ризични истражувања во соработка со Министерството за одбрана. Кога резултатите станале проблематични, д-р Фаучи тврдел дека тие требало да бидат класифицирани како доверливи, изјави Ренд Пол, претседател на Комитет за домашна безбедност на Сенатот, кој има увид во дневникот.

Фаучи беше повикан да сведочи пред Комитетот на Ренд Пол, но пензионираниот лекар одби да одговори на повеќето прашања, повикувајќи се на правото од Петтиот амандман да не сведочи против себе. Министерството за правда сега разгледува дали Фаучи треба да биде кривично гонет поради непочитување на Конгресот. Правни експерти тврдат дека Фаучи нема право да се повикува на Петтиот амандман, бидејќи веќе добил помилување од претседателот Џо Бајден.

******
Види и: Фаучи го организирал масовното криење на изворот на ковид

Трамп повеќе нема да финансира опасни експерименти со вируси

САД финансирале експерименти со вируси во биолаборатории во над 30 земји
 

29 септември 2026 - 11:56