Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Најголем договор во историјата: Никола Јокиќ има луда цифра на маса

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, следното лето би можел да стане сопственик на највредниот договор во историјата на НБА лигата. Доколку остане во Денвер Нагетс, српскиот центар според актуелните проекции би можел да потпише петгодишен договор вреден околу 360 милиони долари.
  • Иако ова лето имаше можност да потпише продолжување на соработката вредно 278 милиони долари за четири сезони, Јокиќ одлучи да почека уште една година. Со таков потег, тој си отвора можност за значително побогат договор во 2027 година. Самиот Јокиќ неодамна потврди дека неговата желба е да остане во Денвер и кариерата да ја заврши во клубот со кој ги постигна најголемите успеси.
  • „Планот е следното лето да потпишам нов договор и да останам во Денвер до крајот на кариерата“, изјави српскиот ас.
  • Сепак, НБА аналитичарот Кевин О'Конор смета дека Нагетс не треба целосно да бидат сигурни во неговото останување, иако засега сите сигнали укажуваат на продолжување на соработката.
  • Јокиќ веќе испиша историја во најсилната кошаркарска лига во светот. Тој е трикратен МВП на регуларниот дел од сезоната, а во 2023 година го предводеше Денвер до првата шампионска титула во историјата на франшизата. Тогаш беше прогласен и за најкорисен играч на финалната серија, дополнително зацврстувајќи го својот статус како еден од најдоминантните кошаркари на својата генерација.
извор

Растодер: Горд сум за деби голот за Македонија, комбинацијата од корнер ја трениравме

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
  • „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
  • Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
извор

Седлоски: Мечот го реши ВАР, немам што да им замерам на момците

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
  • Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
  • Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
3

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
4

Волк на скромна македонска софра

Разно
5

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
6

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

7

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

8

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
1

Македонија го сруши проклетството во Глазгов, но не успеа да се спаси од пораз

Фудбал
2

Димитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација

Фудбал
3

Конечно разбиен малерот од 323 дена и 844 минути

Фудбал
4

Италија со моќен пресврт ја урна Франција по пауза од 64 години

Фудбал
5

Ремек дело на Гулер од слободен удар

Фудбал
6

ФИФА добива нов претседател, легендата поддржана од УЕФА?

Фудбал
7

Италија има нов фудбалски дијамант: Франческо Пио Еспозито

Фудбал
8

Освои две ЛШ со Вардар, а барал пари од татко му: Карачиќ откри колку му должел клубот

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кај курвите во Амстердам

Да не постоеја, Бугарите ќе требаше да се измислат

Однесувања кои нервираат на концерт

Ренато Баретиќ: „ВЕТУВАМ – НА 80. ЌЕ ОДАМ ВО ЈАВНА КУЌА“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy