Вести

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Речник

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Дождовница може да чини и 10.000 евра

Занесена од документарци кои ги гледала на Јутјуб, Хрватката Ива Ханзен решила не само да се пресели на село, туку и да живее автентичен и самоодржлив живот па одбила да плати за приклучок за вода. На почеток ѝ се чинело романтично да оди до изворот и да се бања во каца за грозје, но на крај се расплакала кога првпат влегла под туш. А нејзиниот натурален сетап ја фатил ѓавол ипол.

Ахмадинеџад е сè уште лош за Иранците - а сè уште одличен за Израел

Извештајот дека Трамп и Нетанјаху планирале да го инсталираат Махмуд Ахмадинеџад за лидер на Иран всушност говори дека војната што ја почнаа САД и Израел никогаш не била за „ослободување“ на Иранците. Никој повеќе од Ахмадинеџад не му предизвикал поголема штета на Иран на домашната и на меѓународната сцена. Токму затоа бил идеален избор за Израел.

Европа е ранлива поради зависноста од американски гас

По војната во Украина, Европа се реши да се ослободи од енергетската зависност од Русија и постепено забрани купување нафта и гас, префрлајќи се на увоз од САД. Војната во Иран и затворањето на Ормускиот проток ја направи ЕУ уште позависна и ранлива од администрацијата на Трамп, која ја користи својата позиција за да врши политички притисок врз Брисел.

Побрзо со воз преку Мексико, отколку со брод преку Панамскиот канал

Му се чудеа на Мексико кога вложи милијарди долари за нова железничка пруга што ќе ги поврзе Атлантикот и Пацификот. Зошто брод би се претоварал на воз кога може да помине преку Панамскиот канал? Блокадата во Ормускиот проток покажа зошто е потребна алтернативна инфраструктура во тесните глобални грла, особено ако овозможува поевтин и побрз транспорт.

Спејс Икс оди на берза, Илон Маск ќе стане првиот билионер

Кога кон средината на јуни Спејс Икс ќе се појави на берзата со проценета вредност од околу 1.500 милијарди долари, Илон Маск ќе стане првиот билионер на планетата. Но, тој го крева многу повисоко плафонот. На инвеститорите им најавува дека вкупната вредност на акциите на технолошкиот гигант ќе скокне до 28 билиони долари.

Солженицин: Вистинската слобода не е во бројот на опциите

Најпознатиот советски дисидент своевремено (јуни,1978 година) одржа говор пред 20.000 луѓе на Харвард. Со оглед на неговата биографија, гулази и страдања, публиката очекуваше да распали по тиранијата во својата матична земја. Но, Солженицин пред нив си го постави прашањето: Дали би ја препорачал американската слобода за својата татковина? Одговорот му беше: Не.

Зошто Иран има право да биде параноичен

Иран, земја со длабоки традиции, поминал 200 години заробен помеѓу притисок однадвор и неуспех одвнатре. Странците постојано барале влијание и контрола. Иранските владетели, без разлика дали се кралеви или револуционери, одговарале со заострување на авторитетот. Тоа доведе и до актуелниот ќорсокак: не само за Ормускиот проток, туку и за иранскиот суверенитет.

Се испили првото пиле од вештачко јајце

Биотехнолошката компанија Колосал успеала да изведе здрави пилиња од ембриони инкубирани во вештачка капсула наместо во јајце. Ова е прв чекор од амбициозните планови на „Колосал“ да ја врати во живот изумрената гигантска птица моа, за која нема соодветен сурогат. Сè уште нема такви планови, ама да потсетиме: и диносаурусите доаѓаат на свет од јајце.

Трамп доби имунитет од даночни проверки

Министерството за правда на САД му одобри на Доналд Трамп целосен имунитет од даночни проверки за него лично, за неговите бизниси и за неговото семејство. Оваа наредба тивко е додадена на спогодбата со која Трамп се согласи да ја повлече тужбата против Даночната служба, а за возврат доби 1,8 милијарди долари за фонд за „жртвите на администрацијата на Бајден“.

Во БиБиСи не се ни зуцнува против транс

Поранешна директорка на вести на БиБиСи го потврдува она што јавноста и критичарите подолго време го насетува: таа редакција е заложник на бучни воук активисти и таквото заробување одвнатре го има претворено британскиот јавен радиодифузен сервис во алатка и оружје на контроверзни идеолошки агенди. Од вработување до детски емисии во кои ликови за петгодишни деца користат they/them.

Путин во Пекинг го комплетира пресвртот од Европа кон Кина

Санкциите воведени од Западот поради војната во Украина практично ја турнаа Русија во кинеска прегратка. Евтиниот увоз на енергија од Русија со децении ѝ обезбедуваше конкурентност на европската индустрија. Во изминатите четири години руската нафта и гас течат кон Кина. Само Пекинг, поучен од примерот на Европа, внимава да не претера со зависноста.

Напушен заборавил крипто лозинка, Клод го спасил

Повеќе од десет години еден дечко пробувал да се сети на клучната лозинка од крипто паричникот со биткоини кои на времето ги купил за бадијала, ама ја заборавил откако јако се напушил марихуана. Пробал сè, дури и од стари тетратки вадел фрази кои можеби ги ставил како лозинка. Неуспешно тестирал 3,5 милијарди лозинки. На крајот му се обратил на Клод. Сега има 400.00 долари.

Иран развил поефикасна тактика да соборува американски авиони

Хаотично дури и за негови стандарди, Трамп денеска објави дека ги откажал нападите врз Иран кои претходно воопшто не ги најави. Наводно поради нов „сериозен“ мировен план. Извори од Пентагон тврдат дека една од причините е тоа што Иран развил тактика и зачувал проектили со кои многу поефикасно може да ги соборува американските авиони и да ги бомбардира соседите.

Ривали на Стармер сакаат да ја вратат Британија во ЕУ

Падот на довербата во владата на Кир Стармер ја врати на политичката сцена дебатата за поништување на Брегзит. Поранешниот министер за здравство Вес Стритинг, кој му изрази недоверба на Стармер и сака да го наследи, најави дека Обединетото Кралство треба да се врати во ЕУ. Тоа го поддржуваат мнозинството Британци, покажува нова анкета.

И на Харвард се претерало со десетки

Престижниот универзитет Харвард сфатил дека се претерало со давање на највисоката оценка иако таа е резервирана само за извонредни резултати. Како и со парите, и десетките се подложни на инфлација: колку повеќе ги има во оптек (без покритие), толку помалку вредат. Донеле решение за ограничување на десетките во проценти. Глупо, но професори велат дека тоа е најмалку лошото решение.

Како во ера на компјутери, изгубија компјутерџиите?

Со години компјутерските науки беа третирани како „златна“ професија, која гарантира стабилна и добро платена работа. Но, како што вештачката интелигенција ја преобликува индустријата, младите се откажуваат од студирање информатика, свесни дека машините го преземаат товарот на програмирање. Фокусот сега е на студиите што нудат најголем потенцијал за примена на ВИ.

Додека претседателот Трамп командува, Организацијата Трамп купува акции

Доналд Трамп е првиот претседател во модерната историја на САД што активно тргува со акции додека е на функција. Тргувањата зачестиле, дури и по 60 пати на ден, откако Трамп му објави војна на Иран. И кога претседателот периодично дава изјави дека војната ќе заврши „наскоро“, неговата Организација истиот ден купува нафта, акции и злато за милиони долари.

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Кога Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, го биеше глас дека не само што преплатил, туку и дека ги заглавил некои од најпознатите инвеститори во катастрофална зделка. Платформата не почна да им прави големи пари, но Маск им се оддолжи со брилијантни спојувања и преземања, со кои за четири години им ги дуплира вложените милијарди.

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Намалената стапка на плодност во изминатите неколку децении беше болка на најбогатите земји, затоа што децата им беа економски товар на двојките. Сега, пак, има помалку парови, кои се поблизу до развод отколку до деца. Новиот виновник за демографскиот пад се дигиталните уреди и платформи кои го променија начинот на живот и дружењето за младите низ целиот свет.

Тексас отвора клиника за поништување на промена на пол кај малолетници

Најголемата детска болница во САД ќе ги запре хормонските и другите третмани за промена на пол кај малолетници и ќе ја отвори првата специјална клиника за поништување на медицинските третмани за „потврдување на полот“. Ќе плати отштета поради лажно книжење на интервенциите и ќе им обезбеди бесплатни услуги на пациентите што сакаат да си го вратат првичниот пол.

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Уште во Монровата доктрина, на другите империјални сили им се порачa дека западната хемисфера е американски двор и нема што да бараат таму. Верзијата на Трамп е даалеку поагресивна па дворот се протега и го Гренланд. А ако Венецуела, Куба, Гренланд, Панама... поради причини кои Трамп не ги разбира (суверенитет, самоопределување...) нејќат да станат нова ѕвезда на американското знаме, ене кај е Марс.   

Јагленот ја смирува енергетската криза

Војната во Иран прекина околу 20% од глобалните испораки на течен природен гас, поттикнувајќи ги земјите да се вратат на горење јаглен. Ова е највалканото гориво, но е многу посигурен извор на енергија. Италија е една од ретките европски земји што направи резервен план за активирање на електрани на јаглен, како превентивна мерка од долгорочен енергетски шок.

Бивш директор на ЦИА: Иран ни држи пиштол на чело

Леон Панета, поранешниот шеф на ЦИА, ги реди сите грешки на Трамп, која од која поголема, поради кои САД влегоа во војна со Иран, од која сега не можат да се извлечат. Трамп загризал залак што не може да го проголта. Иако разузнавачите одамна знаеле дека Иран во случај на војна ќе го затвори Ормускиот проток, Трамп немал план како да реагира на таква ситуација.

Што се случи со сериските убијци?

Oткако го достигна својот врв во 1980-тите години, бројот на сериски убијци - за среќа - е во постајно опаѓање, покажува водечката светска база на податоци за сериски убијци. За намалување на нивниот број се наведуваат неколку фактори, меѓу кои и намалената популарност на авто-стопирањето.