Што се случи со сериските убијци?

Oткако го достигна својот врв во 1980-тите години, бројот на сериски убијци - за среќа - е во постајно опаѓање, покажува водечката светска база на податоци за сериски убијци. За намалување на нивниот број се наведуваат неколку фактори, меѓу кои и намалената популарност на авто-стопирањето. 

Светската база на податоци за сериски убијци почнала да се гради во раните 1990-ти, од професорот по форензичка психологија Мајкл Г. Амод и неговите студенти кои ги профилирале сериските убијци со временска рамка на нивните убиства, биографија, основни демографски податоци и информации за нивните злосторства. 

Користејќи ја дефиницијата на ФБИ за сериски убијци (лица кои убиле две или повеќе жртви во одделни настани), документирале убијци од целиот свет, со некои прилично интересни наоди.

На пример, САД има најмногу регистрирани сериски убијци (3.613) кои сочинуваат 67 проценти од сите сериски убијци во светот. А е земја со само 4,35 проценти од светската популација.

Следни се Англија со 176, Јапонија (137), Јужна Африка (123), Индија (121) и Канада (119). Тоа се единствените земји кои имаат троцифрен број сериски убијци идентификувани од базата на податоци.

Пред 1930-тите, приближно една третина од сериските убијци биле жени, за во 1980 година, нивниот удел да падне на само околу 6 проценти. Жените сериски убијци далеку почесто користеле отров отколку мажите а примарен мотив за убивањата им бил финансиска корист.

Од друга страна, мажите повеќе сериски убивале од сопствено задоволство. Главно со оружје или давење на своите жртви.

Жртвите на женските сериски убијци имаат поголема веројатност да се членови на семејството, за разлика од машките сериски убијци кои убиваат пошироко.

Намалувањето на вкупниот број сериски убијци се припишува на неколку фактори: нивно подобро рано откривање (на пример, за измами со осигурување) но и построгите политики за пуштање на условна слобода на веќе осудените.

Како еден од поинтересните елементи кои придонеле за намалување на бројот на сериски убијци се спомнува и намалената популарност на авто-стопирањето и спремноста да се влезе во кола со непознат човек. 

15 мај 2026 - 15:20