Вести

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Застарената надземна електрична мрежа е одговорна за најразорните шумски пожари во Грција во текот на оваа сезона. Бројот на пожари од далноводи е релативно мал, но огнот вообичаено избувнува на непристапно место со сува вегетација и ветровите лесно го шират во катастрофа. На Грција ѝ требаат 35 милијарди евра за да закопа кабли во должина од 120.000 километри.

Чудо во Германија:

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Речник

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

За еден ден Кина имала 37 милиони новозаразени од ковид

Во првите 20 дена од декември од ковид се заразиле 248 милиони Кинези или речиси 18% од населението на земјата, се тврди во белешките од состанокот на кинеската Комисија за национално здравје, од кои само во еден ден биле откриени 37 милиони нови случаи.

Од каде им онолкава куќа во „Сам дома“?

Бадијалџиски фанови на филмскиот божиќен класик „Сам дома“ долго време мозгааат како може едно скромно семејство како Мекалистер да си дозволи не само онолку голема куќа туку и патување за Париз за 8 члена. Одговорот цело време да ни бил пред нос.  

Година на бунт против лаптоп елитите

Од канадските камионџии до холандските фармери, 2022 беше година во која на луѓето им дојде преку глава од светот кој им го наметнуваат оние кои, од зад тастатура, се згрозуваат од сè што е реално а во суштина им овозможува бескрајно да мудруваат околу личните заменки. За многу години нека е.

Корисните страни на депресијата

Депресивните етапи, иако со различен интензитет и во различен број репризи, се периоди од кои никој не е поштеден. 30 до 50% од нас барем еднаш ги исполниле дијагностичките критериуми за депресија. Ако веќе страдањето е непроменлив дел од равенката, паметно е да се откажеме од идејата дека ќе го нема. 

Тајната на среќниот брак е да не се живее заедно

Расте бројот на Американците кои живеат сами, но истовремено се во брачна врска со некого. Така решиле, така им одговара. Причините можат да бидат разни но главни иницијатори за живеење одвоено се жените, што мажите ги потсетува на стихот „правих се речи увек касно сетим.“  

Ќе издржи ли срце вакцинирано?

Во Хајделберг правеле аутопсија на луѓе кои ненадејно починале од срце. Заедничко за сите е што претходно немале срцеви проблеми, и тоа што кратко пред смртта примиле мРНК вакцина против ковид. 

Дојде време Германци да се жалат од германски тенкови

Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.

Мртвото море умира

Мртвото море со децении е систематски уништувано. Секоја година е пониско за еден метар, и во моментов неговата површина е само една третина од некогашната. Постојат решенија за спас, но со оглед на тоа што ништо не се презема, се чини дека решиле навистина да го умрат.

Дупката во санкциите против Русија е голема колку цело Касписко море

Русија и Иран веќе работат на нова интерконтинентална трговска рута која почнува од крајниот ќош на истокот на Европа (Каспиското море), а завршува во Индискиот океан, некои си 3.000 километри, и нема да може да биде контролирана од меѓународни санкции.

Струја ги мавна Норвежаните што возат електрично

Осло толку драстично го поскапе полнењето на електрични возила на градските полначи, што сега тоа може да биде и двојно поскапо отколку полнење резервоар со фосилно гориво. Штета, бидејќи електричните возила за првпат станаа попопуларни и меѓу норвешката сиромаштија, ако постои таква. 

Правосмукалка папарацо

На пазарот се присутни доста модели на робот-правосмукалки кои во себе имаат вградено камери, што е ок смисалица која им помага во навигацијата низ домот. Малку непријатно станува кога на интернет ќе видите слики од вас во домашното веце, па ќе ви текне кој од домашните има „жабја перспектива“.

А ќе речеш, мастики продаваат

Прехрамбениот гигант Монделез, оние кои прават чоколадите Тоблероне и колачињата Орео, решија да продадат само една гранка од својот бизнис, онаа за мастики за џвакање, во која имаат брендови како Тридент и Дентин. На таа основа укнижија една милијарда и 350 милиони долари.

Мракот и убавината на споредните улици

Пет децении од ремек-делото на Лу Рид, Трансформер, албум што е поактуелен од кога било. Остана запишан како еден од најзначајните придонеси на рокенролот кон општата култура, затоа што за првпат некој проговори за драмата на сексуалниот идентитет низ поезија.  

Нема убедливи докази дека нападот на Северен тек е изведен од Русија

Иако ниту еден од западните политичари што првично ја обвинија Русија за експлозијата ја нема повлечено својата изјава, се повеќе западни функционери сега се сомневаат дека Кремљ е одговорен за експлозијата, пишува Вашингтон пост.

Шведскиот суд не го занима ни НАТО, ни Ердоган

Врховниот суд на Шведска одлучи дека нема да ја дозволи екстрадицијата на маж кој Турција го бара под обвинение дека бил дел од обидот за пуч против Ердоган, а чија испорака е на листата задачи што Шведска треба да ги заврши ако сака да влезе во НАТО.

Твитер на платен список на ФБИ

Последните епизоди од скандалозната серија „Фајловите на Твитер“ обелоденети преку новинарите Мат Таиби, Бери Вејс и Мајкл Шаленбергер, го отсликуваат Твитер како филијала на ФБИ. Бирото не само што редовно им давала домашни задачи туку била спремна за валканата работа и милиони да плати.

На Тајмс им излезе свастика на крстозбор

Еден од неодамнешните крстозбори на Тајмс имаше почетна графика која неодоливо потсетува на најпознатиот нацистички симбол. За да биде симболиката поголема, крстозборот е објавен не првиот ден од големиот еврејски празник Ханука.

Законот што ќе го избрише порното

Американски сенатор пушти предлог закон чија главна намера е да се редефинира што точно се смета за „непристојна содржина“, а потоа и што да се прави со истата.

Нека јадат авокада!

По сите трендови, ИТ индустријата моментално ја зафати и најболниот - штедење, па вработените на Фејсбук веќе нема да можат да се перат на работа, укинати им се и 200-те долари за превоз, Илон што стигна скрати во Твитер, а Гугл во иднина ќе бара службените патувања да бидат службени.

Како да се избегне уште една Светска војна

Првата светска војна беше културолошко самоубиство што ја уништи европската еминентност. Европските лидери заспани влегоа - како што ќе каже историчарот Кристофер Кларк - во конфликт во кој никој од нив немаше да влезе ако можеа да го видат крајот на војната во 1918.

Русин е осуден затоа што го сонувал Зеленски

На 26-годишен Русин на сон му дошло дека како војник ја предал руската армија, во која не е ни мобилизиран, за потоа на јаве да му дојде да го сподели својот сон на социјалните мрежи.

Кина се подготвува за војна со Тајван

Не се работи за следните месеци или за следната година, ама Кина ја подготвува својата војска за започнување војна до 2027, тврди актуелниот директор на ЦИА, Вилијам Бурнс.

Само за струја цехот на ЕУ од војната во Украина до сега е 1.000 милијарди долари

Најлошото околу финансиското страдање на Унијата заради цените на енергенсите е што тоа е само почеток на најголемата криза што се случила во последните децении, пишува Блумберг.

Зумерите слабо искачаат од мобилен

Луѓето од 16 до 24 години, таканаречените зумери, според новите истражувања, се најосамената генерација досега. Пандемијата и зголемата цена на живеачката дополнително ги нагазија. Не дека нема чаре, само за тоа треба да се излезе од дома, или некој да ти дојде таму.