Тој објаснува дека иако не е во прашање некоја итна закана, во ниту еден момент ЦИА не ја потценува амбицијата на Кина да го контролира Тајван, без разлика кои се средствата што би довеле до тоа.
„Ши јавно инсистира дека тој претпочита ова да се случи без употреба на сила. Ама знаеме дека тој исто така даде насоки неговото воено раководство до 2027 да биде подготвено за започнување војна.
Па мислам дека искрениот одговор е како одминува декадата, така ќе се зголемува ризикот од воен конфликт,“ изјавил Бурнс во интервју за Пи-би-ес.
По негови зборови за ЦИА нема поголем приоритет од Тајван и „долгорочната закана што ја преставува Кина на Ши“, заради што тој пред две години наредува ЦИА да отвори нов центар исклучиво фокусиран на Кина, што е прв ваков центар посветен на само една држава, наместо на регион како до сега.
Околу протестите против ковид што периодов се случуваа во Кина, Бурнс објаснува дека тие никако не му наштетиле на Ши и дека тој по партискиот конгрес ја има најсилната позиција во Кина од кој било лидер од времето на Мао.
Тој смета дека Ши и Путин ја имаат својата соработка издигнато на многу високо ниво, но од друга страна иако двајцата на ЗОИ Пекинг прогласија пријателство без граници, сепак Кина одби да му даде на Путин воена поддршка каква што беше побарана.
„Мислам дека ниту еден светски лидер не обрна повеќе внимание на војната и слабите воени успеси на Русија од Ши Џинпинг, кој во исто време ги разгледува своите амбиции околу Тајван,“ порачува Бурнс.
И првиот шпион на ЦИА има проблем со Тикток и можноста што кинеската социјална мрежа ја има за прибирање приватни податоци од американски граѓани и модерирање на содржините што ним им се прикажуваат.