Иван Лошев, од престудените краишта на Русија, на Фејсбук го објавува својот сон:
„Сонував дека сум мобилизиран и пратен во војска. Одеднаш, бевме нападнати од украинската армија предводена од Зеленски а тој покажа на мене. 'Ти ги видов сторињата на Инстаграм. Да живее Украина!' ми рече Зеленски. 'Да живеат хероите!' му реков јас“, напишал Лошев.
Кратко по ова завршува на суд, каде е осуден само на парична казна (30 илјади рубљи, што е околу 22 илјади денари) по основа „дискредитација на Руските вооружени сили“.
Во разговор за Би-би-си тој и понатаму пркосно тврди дека законот по кој тој е казнет е глупав, а глупавите закони се својствени за империите што пропаѓаат, алудирајќи на крај на Русија каква што ја знаеме под водство на Владимир Путин.
Инаку Лошев е од градот Чита во Забајкалскиот крај, оддалечен над 4.800 километри од Москва (од Скопје до Доха со кола е околу 4.400 километри), кој годинава наместо стандардните празнични снешковци е накитен со ледени статуи од руски војници.