Медицински патолози од универзитетската болница во Хајделберг, Германија, објавија непосредни показатели кои покажуваат како умреле луѓе после примена мРНК вакцина. Шестемина истражувачи кои стојат зад студијата утврдиле дека вакцинираните покојници починале затоа што нивното срце било нападнато од нивните сопствени антитела. Овој автоимун напад чини срцето да почне да чука толку брзо што се умира за само неколку минути.
Извеле аутопсија на 25 починати од различни возрасти кои ненадејно починале во рок од 28 дена по вакцинацијата. Претходно, немале историја на срцеви болести.
Студијата е објавена во официјалниот журнал на германската кардио асоцијација. Авторите ќе напишат: „Утврдивме хистолошки фенотип од смртоносен миокардитис поврзан со вакцинација“.
„Хистолошки фенотип“ значи директна опсервација на микроскопско ткиво.
Умреле од вентикуларна тахикардија или од фибрилација. Првото е кога срцето чука толку брзо што нема време да се наполни со крв, а второто кога наместо да пулсира, тоа само трепери. Зад тоа стои миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) до кој се доаѓа откако антитела создадени од вакцината, кои првенствено служат за борба против вирусот, некако се „се препознаваат“ и почнуваат да напаѓаат здрави органи.
СЗО и Центарот за превенција и контрола на болести признаваат дека компликации од ваков тип се забележани и претходно, но ги сметаат за ретки и ги проценуваат како благи. Меѓутоа, и аутопсираните имале благ миокардитис, па умреле. Тој бил детектиран на рандом места на микроскопско ниво, меѓутоа електричните пореметувања што ги предизвикува, воделе кон брза и драматична смрт.