Сè поголем е бројот на американски граѓани кои го прифаќаат брачниот тренд „да се живее одвоено.“ Во моментов, башка- башка живеат над 4 милиони Американци а во периодот од 2010 до 2019 година нивниот број се има зголемено за 25 проценти. Во овој број не влегуваат оние кои се принудени на одвоен живот затоа што едниот партнер е во војска.
Поводи за „а да се олабавиме малку еден од друг?“ постоеле отсекогаш но пандемијата го има изострено сознанието дека не секои двајца се најкомпатибилни кога живеат под ист кров.
Паровите избираат ваков аранжман од различни причини, но Њујорк тајмс тврди дека трендот првенствено е поттикнат од жените кои бараат независност и личен простор и време за сопствените интереси и самоисполнување.
Колумнистка на Гардијан вели дека ваквата шема може да биде вин-вин за двајцата партнери а еден магазин за невести порачува дека таквиот начин на живот може да биде поромантичен од стандардниот сетап и истовремено да се покаже како „тајна за долг, среќен и здрав брак“.