Рутата е резултат на адаптирање на двете најсанкционирани држави на светот на притисоците од Западот и зависењето од трговската мрежа главно создадена и контролирана од Западот.
Планот на Русија и Иран предвидува транспорт на стока преку реки и железници до Каспиското море, кое во најголем дел е контролирано од двете држави.
Како дел од проектот Русија троши 1 милијарда долари на поврзување на реката Волга, едно од главните трговски патишта во земјата, со Азовото море, проширувајќи ги каналите и градејќи нови за рутата да може да се користи преку цела година.
Од друга страна, Иран ја проширува својата железничка мрежа и отвора нов крак на патот од Техеран кон пристаништето во Чехбехар сместено во Оманскиот залив, како би се растоварило Бандар Абас пристаништето што излегува на Ормускиот проток, кој на места е широк само 39 километри и претставува сериозно тесно грло кое западните морнарици го користат за контрола на иранските бродови.
(Сините се руски, портокаловите се ирански бродови, јан. - дек. 2022)
Блумберг обработува податоци од светските системи за следење бродови и открива дека десетици руски и ирански бродови, од кои дел веќе се на листата на санкции, активно ја користат рутата.
Освен вообичаената трговија која пред војната по Волга и Дон преку Каспиското море стигаше до Иран (житарки, нафта, гас...), сомнежот на американските власти е дека истиот овој коридор сега се користи и за транспорт на иранско оружје (и дроновите) во Русија.