Булент Кенес беше конкретно именуван од Ердоган како пример на човек кој Турција би сакала да го добие во замена за одобрување на шведското членство во НАТО.
И покрај желбата на властите да му удоволат на Ердоган, Врховниот суд одлучи дека тој не може да биде екстрадиран бидејќи во Турција постои ризик за негов прогон по политичка основа, плус некои од делата за кои тој е обвинет не се казниви во Шведска.
„Јасно е дека во овој случај има неколку пречки за екстрадирање. Еден од условите, дека активностите треба да бидат казниви во двете држави, не е исполнет во однос на едно од обвиненијата. Дополнително, има сомнеж поврзан со делата од политичка природа, и има ризик од прогон,“ се порачува во изјавата од судот.
Кенес е поранешен главен уредник на опозицискиот весник Заман, за кого Турција тврди дека има врска со движењето на Ѓулен, главноосомничениот за обидот за пуч во 2016.
Кога Шведска и Финска летово тргнаа да се зачленуваат во НАТО, прв рачна кочница крена Ердоган под обвинение дека двете држави треба да направат многу повеќе во борбата против тероризмот, вклучително и екстрадиција на лица што Турција ги смета за терористи.