Вести

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Речник

Мерц одбива да го прифати крајот

По катастрофалниот пораз на конзервативците на регионалните избори во Германија, канцеларот Мерц се противи на промената на курсот. Ја игра улогата на боксер кој упорно се крева од подот, убеден дека може да го зададе решавачкиот удар во последната рунда. Но, политиката не е холивудски филм со загарантиран среќен крај. Напротив.

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

Уапсени новинари и насилни протести поради карикатура во турскиот Шарли Ебдо

Четворица новинари од турското сатирично списание Леман се уапсени поради карикатура на која наводно е прикажан пророкот Мухамед. Главниот уредник попусто се извини и објаснува дека на карикатурата не е прикажан Пророкот, туку жртва на израелско бомбардирање. Полицијата едвај ја запре групата религиозни демонстранти што го нападна седиштето на Леман и повика на „одмазда“.

Морињата биле и три метри повисоки од сега

Ново истражување ја оспорува хипотезата на климатските активисти дека глобалното затоплување е предизвикано од јаглерод диоксид. Науката вели дека тоа е природен циклус. Нивото на морето било многу повисоко пред 6.500 години бидејќи било многу потопло и се топеле поларниот и глацијалниот мраз. Оваа природна осцилација се случувала при многу ниски нивоа на CO2.

Кенеди: Властите скриле студија за вакцините и аутизмот

За 1.135% бил поголем ризикот за аутизам кај бебињата во САД вакцинирани против хепатитис во споредба со оние што не биле вакцинирани, покажало истражување на Центрите за контрола и превенција на болести. На здравствените власти не им одговарале резултатите од сопствената студија, па манипулирале со податоци за да ја прикријат вистината, тврди министерот за здравство на САД.

Ози Озборн крепи алкохол заради генетска мутација

По 40 години употреба на тешки дроги и алкохол, неколку блиски средби со смртта и општо јако нездрав живот, Ози Озборн реално требаше досега да биде мртов. Со децении има пиено по 2-3 литри вотка и Хенеси дневно, па сепак, таа брлива олупина уште е жива. Денес мажите ќе каснат едно благце и после ќе замараат дека си ја упропастиле кетозата и дека ќе мора да почнат сè одново. Ц ц...

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Соочени со огромниот финансиски товар што Трамп им го наметна на членките на НАТО, владини функционери во Рим планираат како „трошок за одбрана“ да подметнат амбициозен инфраструктурен проект што го планирале Берлускони, Бенито Мусолини, дури и старите Римјани. Да се изгради мост од 13,5 милијарди евра што би ја поврзал италијанската „чизма“ со Сицилија. 

Американци без кинески ретки минерали може да издржат уште три месеци

Откако Трамп ѝ објави трговска војна, Кина строго го ограничи извозот на ретки минерали и магнети, кои се клучни суровини за индустријата за автомобили, авиони и медицинска опрема. Постигнат е нов дил со САД, но Пекинг го кочи извозот со бавни бирократски процедури за издавање лиценци. Американски компании се жалат дека им останале резерви за само три месеци. 

Материјалот од умниците е медицинско злато

Луѓето вообичаено ги отстрануваат умниците, дури и пред да почнат да создаваат проблем во устата. Осумките по интервенцијата завршуваат во ѓубре, иако се регенеративно богатство - содржат матични клетки кои може да помогнат за третмани против разни болести. Лаборатории во соработка со стоматолози сега нудат комплети за чување на „вишокот“ заби како биолошко осигурување.

Далај Лама планира со својата смрт да ја зафркне Кина

На својот 90-ти роденден на 6 јули, 14-от Далај Лама ќе ја објави одлуката кој ќе биде неговата нова инкарнација. Најави дека детето што му се јавило во визиите нема да биде од Кина, а може да биде и девојче. Целта е јасна, да се спречи Пекинг да ја искористи смртта на Далај Лама за да наметне свое дете не негово место и да го задуши влијателното будистичко движење на Тибет.

Терасите останаа последните слободни зони за пушачите во Франција

Од вчера секој што во Франција ќе биде фатен како пуши на плажа, во парк или покрај училиште може да биде казнет до 700 евра, согласно новата забрана насочена кон заштита на децата од пасивното пушење. Забраната не ги опфаќа електронските цигари, а терасите на баровите и рестораните ќе останат последните слободни зони во кои ќе може да се дружат пушачи и непушачи.

Му се стемни и на ‘Blue Screen of Death’

Миленијалците треба да се подготват за збогување со најстрашната порака која можеа да ја добијат додека работат на компјутер. Кога Виндоусот ќе се скрши и на сјајно син екран ќе добијат порака дека компјутерот им е шлогиран и треба да се рестартира (ако се скрши пред да зачуваш нешто важно на што долго си работел, може и бокс да попие невиниот екран). Не дека Микрософт планира во иднина да не се крши, туку тоа ќе биде обележано со пригодна црнина. 

Трамп своите лаги ги има претворено во адути

Сите тие лажат ама Доналд Трамп е ГОАТ. Му имаат броено, знае да излаже и по 20 пати на ден. Но, според Жижек токму тоа е една од неговите силни страни. Во тие негови забегувања и „џезирања“, електоратот гледа нешто што не го гледа кај оние другите, „намазани“ политичари кои строго се држат до скриптата, добро истренирани од оние кругови кои од позадина ги влечат конците на политиката.

Одење по храна во Газа е смртна пресуда

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека новиот систем за дистрибуција на помош во Газа е „суштински небезбеден и „убива луѓе“. Иако израелската војска досега тврдеше дека пукале само предупредувачки врз главите на луѓето, заради растечкиот број на индиции и докази, во војската е покрената истрага да се проверат инцидентите. Досега над 400 луѓе изгубиле живот барајќи помош. 

И Тексас не е најзадоволен од Трамп

Трамп имаше импозантна поддршка на почетокот на неговиот втор мандат но реалноста не може да ги задржи тие бројки, особено што тој не успеа да одржи неколку клучни предизборни ветувања, дека брзо ќе ѝ стави крај на војната во Украина или дека Америка веќе нема да се плетка во странски конфликти. Сепак, рејтинзите и натаму не му се лоши, особено ако се знае дека Буш едно време имаше 25% а Труман само 22% поддршка за време на мандатот. 

Британците 20 години бркале руски крт во МИ6

Според дојава на ЦИА, британската разузнавачка агенција имала двоен шпион во своите редови кој работел за Русите. Ја започнале најобемната и најскапа нивна истрага после Студената војна за да ја најдат кртицата. Дваесет години го барале, ништо. Човекот кој им бил сомнителен во меѓувреме заминал во пензија. Руските шпионски операции тогаш ги водел Владимир Путин. 

На Италијанците златото не им е сигурно кај Трамп

Во Германија со години се води дебата како да се врати дома огромното количество златни прачки што државата ги чува во САД. Во Италија ова прашање пред шест години го отвори Мелони, која како опозиционерка порача: „Веднаш вратете го италијанското злато!“. Сега како премиерка молчи, но се зголемува притисокот зашто златото во САД не е толку безбедно како порано.

Северноатлантски кафез

Прифаќањето на обврската за издвојување од 5% за одбрана е резултат на намерата на европските сојузници да го смират Трамп за да не се откажат САД целосно од НАТО. Зошто Трамп инсистираше на ова зголемување ако навистина не е заинтересиран за таков вид сојуз? За да ги охрабри европските земји да купуваат пософистицирано и неверојатно скапо американско оружје.

И брада знае да спаси човек од депортација

Мигранти кои избегале на Запад се повикуваат на разни причини заради кои бараат да не бидат депортирани во нивните матични земји. Некои на политичките неприлики, други на одредби од меѓународните конвенции кои не дозволуваат човек да биде вратен онаму каде што можат да му се одмаздуваат. Таџикистанец во Британија се сетил на оригинално алиби против депортација: ако го вратат, ќе го бричат.

Милионерите се новата средна класа

Бројот на „ситни“ милионери, со богатство проценето под 5 милиони долари, е четирикратно зголемен во изминатите две децении. Денес ги има речиси 52 милиони, половината од нив во САД и во Кина. За другите 99% луѓе што не располагаат со седумцифрени суми звучи неверојатно тоа што милионерите воопшто не се чувствуваат богати. Многумина и не знаат дека се во елитниот клуб.

САД повеќе нема да плаќаат за сомнителни вакцинирања

Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор објави дека САД повеќе нема финансиски да ја поддржуваат глобалната алијанса за вакцини Гави, за која тврди дека ја игнорира науката. Ги оспорува препораките за ревакцинирање бремени жени против ковид-19 и програмата за имунизација девојчиња против дифтерија, тетанус и голема кашлица во сиромашните земји.

ВИ ги разбира емоциите подобро од луѓето

Иако машините немаат емпатија, напредните модели со вештачка интелигенција се покажале како подобри од луѓето во препознавање и разбирање на емоциите. Постигнале значително повисоки резултати на тестовите за емоционална интелигенција, благодарение на пристапот до милијарди податоци и способноста брзо во нив да пронаоѓаат обрасци што се „невидливи“ за човекот.

Кина, САД и Русија се најомразени во светот

Трите глобални суперсили се и најомразените земји во светот, поради навиката да се мешаат во туѓите проблеми, често пати со отворена воена агресија или со прикриени интервенции. Влијание имаат и обидите да ја наметнат својата култура и религија, па дури и однесувањето на туристите.  Листата е составена со анализа на бројни извештаи и анкети за светското јавно мислење.

Урсула го кастри Зелениот договор за да му го спаси животот

Минатогодишните избори ја променија политичката сцена во Брисел и ја притиснаа Европската комисија да откажува проекти од амбициозниот договор за заштита на природата. Урсула фон ден Лајен, која настојува да го остави Зелениот договор како свое наследство, чекор по чекор укинува негови делови, во обид да ја задржи во живот главната цел – нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.

Ќе создаваат вештачка човечка ДНК

Човекот е совршено суштество, кое секој маж и жена може да го направат за пет минути. Научници ќе се обидат да го направат тоа по потежок и поопасен начин. Четвртина век по револуционерното декодирање на човечкиот геном, одобрен е проект што ќе овозможи не само читање на ДНК како бар-код, туку и создавање делови од неа по вештачки пат од нула, молекула по молекула.

Нуклеарниот стартер пакет на Иран му го дадоа САД

Техерански истражувачки реактор, мал нуклеарен реактор што се користи за мирнодопска научна работа, му беше испорачан на Иран од страна на САД во 1960-тите во рамките на програмата „Атоми за мир“. Таа програма ја буткаше претседателот Двајт Ајзенхауер. А тој беше под влијание на Опенхајмер, научникот кој ги разви атомските бомби фрлену во Јапонија.