Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Заедничкото опивање и јапонскиот бизнис

При бизнис со меѓународни партнери важно е да се знае нивниот тертип на правење на работите, и тоа, според Бизнис инсајдер, во осум области: комуникација, проценка, убедување, раководење, одлучување, доверба, несогласување и правење распореди. Во Јапонија, сето тоа е полесно со алкохол.

ИТ човекот на нарко-картелите

Фелипе Дел Хесус Перез Гарсија е киднапиран во северо-источно Мексико во март 2013-та. Човекот е архитект кој работи во телекомуникации, конкретно на барање локации и поставување базни станици за мобилна телефонија. Никој не побарал откуп за Гарсија, ама неговите и по 2 години некако се сигурни дека тој е жив.

ЕУ нема проблем со грабежот во екс-Ју државите

Проектот ЕУ, меѓу другото е и империјален проект. Земјите од периферијата, како што е Црна Гора, тука се да слушаат. И Црна Гора денес слуша. Што сепак е подобра опција отколку да војува со Западот, како во време на Милошевиќ, објаснува црногорско-босанскиот писател Андреј Николаидис.

Мажи, стигнаа нови мерки

Иако човештвото никогаш нема да престане да ја премерува големината на машкиот полов орган, олеснителна околност е што во последната масовна студија на 15.000 мажи, изваден е понизок просек од очекуваното - 13,12 сантиметри во ерекција.

ЕУ: Иднина vs. раат сегашност

Моментално за Европа политички е полесно да продолжи да им позајмува пари на државите загубари со многу ниски камати, бидејќи така не мора да признае никаков пораз. "Во војнички жаргон ова би било еквивалент на: aко доволно често го обновуваш прекинот на огнот, на крај ќе завршиш со мир," пишува колумнистот на Фајненшл Тајмс, Волфган Минхау.

Ахиловата пета на американската армија

Американците се свесни за сопствената аура на непобедливост и дека нивите главни конкуренти за глобална доминација не можат ниту да им се приближат, а не па да претставуваат некаква сериозна закана за позицијата. Човеков ги потсетува дека во слична позиција и со слична аура била и француската армија пред почетокот на Втората светска војна.

Ветувања

Професор по невропсихофармaкологија од Империјалниот колеџ во Лондон и поранешен владин советник за наркотици, Давид Нут, со целиот свој кредибилитет тврди дека го има откриено невозможното - пиење без мамурлак.

Јадењизам и ренесанса

Иако на Запад сè погласни стануваат движењата за толерантност кон нечија тежина, стравот и натаму е доминантна емоција во врска со вишокот килограми. Не и за една шарена заедница луѓе чиј фетиш е да јадат и да се дебелеат.

Англичаните ги искинаа кладилниците

Заради една црна седмица во која на играчите им излегоа несекојдневно многу ливчиња и комбинации Вилијам Хил објави дека нема да ги исполни очекувањата (за заработувачка) за првиот квартал.

Црни пари за туѓи бели БДП-а

По барање на Унијата, Италија мораше да се пресмета колку проституцијата и наркотиците влијаат врз економската стабилност на земјата. Сега незгодно им е да се пофалат со резултатите.

Грчкиот проблем со грчкото избегнување данок

Во новиот џихад против неплаќачите на данок грчките власти најавија дека прво ќе се собира од најбогатите. Една анализа од Универзитетот во Чикаго, објаснува како и оние што не се пребогатите, цело ова време ја трошат државата.

Како да добиеш избори со преместување граници

Она што кај нас се прави на етничка основа (за "другите" да не ни ја земат локалната власт), во САД се прави по партиска основа и се сведува на прецртување на границите на локалните изборни единици со цел твојата партија да добие предност во бројки, односно - gerrymandering.

Последното интервју на Борис Немцов

Простото извлекување паралели е една мрзлива дисциплина која може да доведе до велелепно глупави заклучоци. Па сепак, морничав е впечатокот во какви слични наративи е заплеткан овој наш дел на светот. Последното интервју на Борис Немцов за полското издание на Њузвик, пред оние четири кукавички куршуми да го спречат да види дали неговите идеи за Русија ќе се остварат или ќе пропаднат.

Каде згреши Рим?

Во блицкригот низ Рим , ултрасите на Феенорд уринираа на Шпанските скали, сериозно ја оштетија фонтаната Баркача (неодамна реновирана со донација од 200.000 евра од Булгари), кршеа излози од продавници, уништија 15 градски автобуси и поголем број автомобили и веспи.

Зошто не зборуваме со устата, туку со ушите?

Никогаш досега не сме забележале ништо чудно при говорењето на поранешниот американски претстедател Бил Клинтон. И после статијава веројатно нема да забележувате, ама барем ќе знаете што му е.

Приказната зад Pimp My Ride

Идејата на шоуто е едноставна и крајно благородна - го земаш уништениот автомобил на некој клинец и му го претвораш во автомобил од соништата и завист на секој негов врсник и другар. Спроведувањето на идејата е многу поразлично отколку што таа звучи.

Како Стивен Хокинг уште е жив

Хокинг од 21 година е дијагностициран со Лу Гериг болеста (заради која лани се истуравте со вода со мраз). На 20-ти април 2009-та докторите и колегите на Хокинг од Кембриџ, беа речиси сигурни дека ова е крајот на еден од најголемите научници на денешницата. Како по обичај, Хокинг преживеа.

Бирај долг живот или пензија, двете не може

Без разлика колку ни се допаѓа продолжениот животен век на луѓето, тоа никако не оди во корист на пензиските системи, кои многу повеќе преферираат што е можно пократок животен век.

Конечна победа за нет-неутралноста

Броудбенд интернетот од сега па во иднина е комунална услуга (како водовод, канализација, јавни паркинзи, градско зеленило, градска чистота...) и ниту еден провајдер не смее да помисли да наплаќа "приоритетни конекции," одлучи американската Федерална комисија за комуникации.

Снапчат > Tелевизија

Апликацијата за слики од кои срамиш ама сакаш да ги споделиш без никој да ги запамети, ја воведе опцијата "наша приказна" во која група корисници преку клипови раскажуваат некој настан. Овие приказни (Вестминстер, Октоберфест...) имаат поголема публика отколку некои од најпопуларните ТВ програми.

Софтверот кој тепа игрици подобро од вас

Неколку редови компјутерски алгоритам можат да научат да играат 49 различни аркадни игри, вклучувајќи класици од 70-тите како Pong или Space Invaders. Во над половина од нив, компјутерот станува толку вешт што победува професионален човечки противник.

Адитиви со додадена штета

Додатоци што служат за продолжување на животниот век на храна како сладоледи, маргарин, пакуван леб, крем сосови и слична преработена храна се штетни по основа на тоа што можат да доведат до проблеми во утробата.

Истетовирана родителска љубов

На приказната случајно налетавме на ѕидот на Лешоски. Нашиов емотивец вика: Си најдов уште еден артикл за фолдерот „Работите за кои вредеше да се живее". И, така е.

Се издава: село

Во понудата влегуваат селото, сосе коњи, крави и слични говеда, и автобуска станица. 18-те жители никој не ги поседува, ама остануваат да живеат во селото. Почетната цена е 700 евра на ден.