Грчкиот проблем со грчкото избегнување данок

Во новиот џихад против неплаќачите на данок грчките власти најавија дека прво ќе се собира од најбогатите. Една анализа од Универзитетот во Чикаго, објаснува како и оние што не се пребогатите, цело ова време ја трошат државата.

Во анализата од 2012-та, пишува:

"Само-вработените Грци трошат 82% од своите месечни приходи на сервисирање на сопствениот долг. За да ја ставиме оваа бројка во перспектива, стандардната пракса кај потрошувачките финансии (како во САД така и во Грција) е на позајмувачите никогаш да не им се дава заем чија отплата надминува 30% од нивните месечни приходи. И ова е горната граница...

Голем број банки во јужна Европа отворено ни кажаа дека имаат адаптивна формула со кој го адаптираат пријавениот приход на клиентот кон најдобрите процени на банката за неговите вистински приходи, и уште повеќе, дека овие адаптации се разликуваат од професија до професија... Пример за ова се адвокати, доктори, финансиски услуги и сметководители. Во сите овие професии, само-вработените плаќаат над 100% од нивните пријавени приходи за сервисирање на своите долгови."

Пред сочувството за овие професии, треба да се има предвид дека само-вработените најверојатно пријавиле колосално пониски приходи од реалните, а според официјални бројки, околу една третина од Грците се само-вработени.

Табела по професии и просекот на приходи што тие го користат за сервисирање на долгот:

 

2 март 2015 - 13:00