Во текстот за Вик, Паскал Емануел Гобри објаснува дека како и секоја голема корпорација, владин оддел или организација како католичката црква, така и за армијата еден од најголемите непријатели е бирократијата.
"Јас ја дефинирам бирократијата како организација која не сака да разбере дека е под компетитивен притисок...
... Причината зошто армијата често има репутација за ефикасност, што ја нема ниту еден друг владин департман, е затоа што кај нив компетитивниот притисок се манифестира во форма на луѓе кои се обидуваат да ги убијат.
Меѓутоа, со тоа што се владино тело, природниот статус на армијата е бирократијата: застрена, непробојна на промени, неефикасна," објаснува Гобри, кој го дава примерот со Наполеон кој успева да го освои најголемиот дел од Европа, затоа што европските армии се заглавени во бирократија која потекнува од нивната феудална структура. (Французите ова го решаваат за време на француската револуција.)
Тој го дава примерот со француската армија, која по победата во Првата светска војна, влегува во 1940-та со иста аура како што денес имаат Американците. Тие тогаш се под впечатокот дека Германците нема да се обидат да направат ништо претерано лудо, од страв дека нивните соседи ќе ги здробат. Она што Французите не го разбираат е дека на Германците им станува јасно дека нивниот кошмар од сосед во изминатата деценија и нешто е станат премногу мрзлив. Резултатот е познат.
Забелешката на Гобри е дека моментално американската армија ги покажува истите симптоми, дека е толку обвиена со бирократија што офицерите почнуваат да ги избегнуваат правилата, или пак не превземаат одредени постапки само затоа што потоа следува бескрајна бирократија. Извештаите покажуваат дека во војните во Ирак и Авганистан е пријавен далеку помал на судири и пресметки со непријателот само заради задолжителната ПауерПоинт презентација за опишување на случката.
"Ова се класични знаци на организација која од надвор изгледа одлично, а од внатре скапува заради бирократизација. Нешто треба да биде преземено. Книгите по воена историја се преполни со организации кои на хартија изгледале подеднакво добро, ама биле и подеднакво комфорни, за потоа да бидат соборени кога ќе им биде зададен добар удар," пишува Гобри.