Како и остатокот од Снапчат содржините и "приказните" имаат рок на траење, што кај нив е подесен на 24 часа, пред да се самоуништат. Дел од корисниците кои се избрани за овие приказни, добиваат и над 20, 25 милиони прегледи на своите видеа.
Во статистиките објавени од Гигаом, е и примерот со Дана Кругел чиј снап од Саемот за електорника во Лас Вегас, беше додаден на приказната од саемот и прегледан над 27 милиони пати.
Како споредба тие ги даваат последните Греми награди чиј пренос на СиБиЕс имаше 28,5 милиони гледачи, што инаку е втората по големина публика на наградиве од 1993-та до денес. Последната епизода од Брејкинг Бед имаше 10,3 милиони гледачи. Во извештајот Гигаом не прецизира дали бројките се единечни корисници или се бројат и повеќе прегледувања од еден корисник.
Како дополнување на ова, во јануари Снапчат ја додаде и Дискавер платформата, на која корисниците можат да гледаат содржини од Вајс или Космополитен.
Последен потег на Снапчат беше премиерата на нивната прва серија "Literally Can't Even," за која секој викенд објавува нови серии чиј рок на траење е 24 часа. Серијата е посветена на животот на две дваесет и нешто годишни девојки.