Алфред А. Томатис е меѓународно познат оториноларинголог. На почетоците од неговата кариера тој открил дека квалитетот на нашето говорење или пеење е еднаков со нашата способност за слушање, што овозможува корегирање на гласовите што ги произведуваме. Голем број пејачи му се имаат обратено кога почнале да го губат гласот, а тој им помага да си го вратат со подобрување на способноста на нивните мозоци подобро да го слушнат звукот којшто го продуцираат. Тоа се прави преку едно апаратче „Електронско уво" a кое ги акцентира фреквенциите коишто вообичаено не можат да се слушнат. „Ние зборуваме со нашите уши, а не со нашите гласови", вели тој.
Но Томатис направил и второ големо клиничко откритие - нешто што го сведочиме секој ден, но никогаш не размислуваме за него. Тој заклучил дека речиси секој човек зборува главно од едната страна на устата.
Луѓето со добри слушачки вештини генерално зборуваат со десната страна на устата, и звукот на нивниот говор влегува во нивното десно уво. Истото важи и за пеењето.
Сите професионално успешни пејачи кои ги прегледал Томатис биле „десноушни" - кога тој им пречел со произведување звуци на десното уво, такашто тие не можеле да си ги чујат сопствените гласови десно, нивниот пејачки глас се влошувал. Левата хемисфера е областа во којашто повеќето луѓе - без оглед дали се служат доминантно со левата или со десната рака - процесираат важни вербални елементи. Сепак, секоја хемисфера во мозокот го добива најголемиот дел од звучниот инпут од увото на спротивната страна од телото.
Повеќето нервни влакна кои ја снабдуваат левата хемисфера доаѓаат од десното уво. Оттаму најбрзиот, најдиректниот нервен пат до јазичната област во левата хемисфера, за повеќето луѓе, е десното уво.
Но има неколку исклучоци кај некои левучари. Оние од нив кои говорат добро, како некогашниот претседател Бил Клинтон, ги користат обете страни на устата, што значи дека и подеднакво слушаат на двете страни. 95% од здравите десничари ги процесираат клучните елементи на вербалниот јазик во левата хемисфера, а останатите 5% тоа го прават на десната.
75% од левучарите, пак, ги процесираат клучните аспекти на вербалниот јазик во левата хемисфера, 15% во десната, а 15% билатерално.
Бидејќи само околу 10% од луѓето се левучари, тоа значи дека доминантниот број луѓе го процесира јазикот на левата страна.