Вол Стрит Журнал го пренесува извештајот за заработувачката на Генерал Моторс за последниот квартал (4-ти февруари) во кој компанијата објаснува дека промената во морталитетот "предизвикала плановите за пензиите да излезат пократки за 2,2 милијарди долари и дека тоа ќе мора да се надомести од заработувачката на компаниите во следните години."
Слични промени во заработувачката имаат и Веризон и АТ&T, кои мораа да ги преправаат предвидувањата за квартални приходи заради како последица на новите истражувања за должината на животниот век на пензионерите во САД. Консултантската фирма Тауерс Ватсон проценува дека заради ова финансискиот статус на 400-те најголеми компании во САД, може да е ослабен за околу 72 милијаради долари.
Границата по која пензискиот фонд е во зијан од пензионерите е 76 години старост. Моменталниот животен век на ниво на САД е 78,7 години.