Хафингтон пост разговара со тројца момци кои беа избрани да учествуваат во шоуто, и за сите тројца е заедничко што се појавуваат во втората половина од животниот век од шоуто. Плус зборувано е со ко-продуцентите на шоуто. Иако сите имаат генерално позитивно искуство, "вистината за она што било потребно за нивниот автомобил да биде надграден и многу почудна отколку очекуваното."
Еден од нив објаснува дека по снимањето, продуцентите од неговиот автомобил отстраниле неколку додатоци што ги имале ставено, како механизмот за поп-ап на шише шампањ и "драјв-ин" киното. Сепак тој објаснува дека делот со шампањското го тргнале затоа што продуцентите не сакале да промовираат "возење и пиење," а делот со екраните е отстранет затоа што не бил безбеден за возење. Ваквата пракса ја потврдува и ко-продуцентот Лери Хочберг, кој го дава примерот со детето кое добило бандажи од 24 инчи, меѓутоа по шоуто заради безбедност му биле заменети со 20-инчни.
Има и случаи кога инсталираната опрема функционира само за време на снимањето и потоа никогаш не проработела, или пак едноставно таа не можела да функционира на долг рок (се прегрева, не можело да се стават неопходни делови...).
Во однос на ремонтот на автомобилите, забелешката на учесниците е дека се посветило повеќе внимание на надворешноста отколку на моторот и шасијата, нешто што од продукцијата генерално го прифаќаат под објаснување дека тие не се тука за спасување и поправање на автомобилите, туку за нивно разубавување.
Според очекувањата, почетокот и одјавата на шоуто се комплетно наместени, вклучително и куќите од кои излегуваат луѓето. На натпреварувачите им било кажано да чекаат некој да им ѕвони на врата, и дека ќе биде или Егзибит или продуцент со ваучер од 100 долари, "така што изненадувањето кога ќе го видиш Егзибит е реално." Сепак на крај, најголемиот дел од учесниците морало по неколку пати да ја снимаат својата реакција.
Она што е најнеочекувано е дека ремонтот на автомобилот траел отприлика по половина година. Сепак за првите неколку месеци ЕмТиВи покрива рент-а-кар за натпреварувачите.
Инаку, за сите најинтересниот дел е дружењето со Егзибит, кој бил одличен водител и крајно пријатен за цело време на снимањето.