"Ваквиот аргумент не е само неморален и неискрен. Тој исто така не ни функционира. Додека ја играш оваа игра на продолжи и преправај се, вистинската економија имплодира: штедењето предизвика пропаст на приходите и вработувањето. Грешките во монетарната политика предизвикаа пад на стапките на инфлација на ниво на Еврозоната заради што за Грција и останатите периферни држави беше невозможно да се подобри компетитивноста што ја изгубија во првите години од монетарната унија," објаснува Манаху.
Објаснувајќи дека цел живот е про-ЕУ, Минхау порачува дека денес постојат "перфектно рационални причини да си против членство во Еврозоната и самата ЕУ."
"Прашајте се себе си: дали Грција може да има рационален економски интерес за да бара излез од Еврозоната? Нагласокот е на 'рационален економски' и 'бара.'
Мојот одговор е да. За мене, главниот аргумент би била способноста да се ослободиш себе си од посебно лош комплет на политики: штедење поврзано со успехот на економијата (на која штедиш) и дефлаторна монетарна политика. Рационалната причина за напуштање на Еврозоната е шанса да бидеш помалку глуп.
Како што политиките на ЕУ стануваат цинични и нефункционални, станува прогресивно потешко во про и анти ЕУ дебатите да ги разликуваш добрите момци од лошите. Пред 20 години, јас не би се двоумел да окарактеризирам евроскептик како ксенофоб или слично. Денес не би направил така.
За ЕУ да стекне каков било морален или политички авторитет ќе треба да ја разреши грчката должничка криза и да застане во одбрана на Украина и да ги искористи своите економски и финансиски инструменти што ги има на располагање за да ги осигури сопствените геополитички интереси. ЕУ моментално не успева и по двете основи," пишува Минхау.