Ветувања

Професор по невропсихофармaкологија од Империјалниот колеџ во Лондон и поранешен владин советник за наркотици, Давид Нут, со целиот свој кредибилитет тврди дека го има откриено невозможното - пиење без мамурлак.

Нут на проблемот му пристапува од сосема друга страна, поточно создава пијалак кој ги произведува сите позитивни ефекти од алкохолот, како опуштање и добро расположение, а притоа нема никаков ризик од агресија, мамурлак, губење контрола и сите штетни странични ефекти кои може да произлезат од алкохол.

Пијалакот е алкосинт и проблематичното со него е што се добива од бензодеазепин, супстанца која е во истото семејство како Валиум (кој според некои експерти е потежок за одвикнување од хероин). Нут тврди дека неговиот пијалак не е ни приближно проблематичен како Валиум.

Второто откритие на Нут е таблетата "шаперон" (придружник) кој може да ги намали ефектите на алкохолот во телото. Таблетата се зема пред пиење, и таа оневозможува да станеш пијан до точка на онеспособеност (ова не треба да биде предизвик).

Она што е спорно околу Нут, е што во 2009-та тој беше масовно критикуван по едно негово излагање дека екстази не е ништо поопасно од јавање коњи. Меѓутоа што се однесува на последните два пронајдока, тој објаснува дека не му е замислата да промовира алкохолизам, туку дека тие би можеле да се користат во терапиите за борба со него.

3 март 2015 - 10:16