Во огласот за издавање е објаснето дека со тоа се опфатени 4-те улици во селото Мегјер (на околу 180 км југозападно од Будимпешта) од кои две се асфалтирани а две се макадам, канцеларијата на градоначалникот, културниот центар, автобуска и седум реновирани селски куќи.
Како дел од понудата, идниот кираџија ќе добие и позиција заменик-градоначалник, плус право да ги менува имињата на улиците. Селото има и заедничка стока: 6 коњи, 2 крави, 3 овци, кокошарник и 4 хектари обработливо земјиште. Сето ова на користење (со тајм-шеринг) му е достапно и на кираџиите.
Целта на градоначалникот кој го објавува огласот е да се соберат пари за селото и да се привлече малку внимание на него. Моментално само 5 од 20-те куќи во селото се населени низ целата година.