Истражувачите се фокусираат на адитивите што го продолжуваат рокот на траење на храната, за кои заклучуваат дека го менуваат составот на бактериите во стомакот и поттикнуваат воспаление.
Експериментите се спроведени врз глувци, и нив ги прават микробиолози од Џорџија Стејт Универзитетот. Заклучокот им е дека сите откриени симптоми кај глувците, може да се идентификуваат и кај луѓе.
Во студијата се анализирани адитивите полисорбат 80 (најчесто го има во сладолед, каде спречува негово згрутчување и му ја зголемува отпорноста кон топење) и карбоксиметилцелулоза.
Истражувањето го започнуваат по анализа на статистиките кои покажуваат дека проблемите со заболувањата на цревата почнуваат да растат во средината на 20-от век, во исто време кога производителите на храна почнуваат со масовно користење на овие адитиви. Генерално и тие не очекувале да откријат толку силна поврзаност.