Се работи за еден викенд во јануари, кога компанијата губи 17,8 милиони евра, откако 17 од 20 натпревари им завршуваат со домашни победи. Според ЦЕО-то на Вил Хил, ова е најлошиот викенд во историјата на компанијата.
Компанијата која има околу 2.400 кладилници во Британија, плус дозволува он-лајн кладење во добар дел од светот, и покрај тоа што има лош квартал се надева дека во текот на годината ќе си дојде на свое.
За минатата година, профитот (пред данок) на Вил Хил падна за 9% и изнесуваше 321 милион евра, додека вкупните приходи им беа пораснати за 8% на околу 2,2 милијарди евра.
Во својот извештај тие соопштија дека имале "рекордно успешно Светско првенство," за Мундијалот во Бразил.
Кога веќе им се ситиме на кладилниците, еве некои од македонските махери што извадиле пари од кладилница.