Споделувањето храна е важна алатка за градење доверба во речиси сите култури. Но во некои од нив заедничкото пиење е подеднакво важно, a тоа пак има врска со начинот на кој луѓето градат и одржуваат доверба. Јапонија на пример спаѓа во култура која во голема мерка почива на меѓусебните односи, за разлика од западните кутури кои се фокусирани на задачи.
Во текот на работниот ден тие лични врски се „поприбрани" заради јапонското промовирање групна хармонија и одбегнувањето на отворените конфликти, но вечерите овозможуваат луѓето да се отворат и да ги искажат своите вистински чувства. Дури, или особено, ако се бизнис партнери.
За тоа дури има и посебен збор - nomunication - кованица од јапонскиот глагол nomu што значи „да се пие", и „да се комуницира". Во текот на номуникацијата никогаш не се врши формално склучување договори, но се подготвува теренот за истото. Пиењето со клиенти и соработници секако не е карактеристика само на Јапонија, туку истото важи и во цела источна Азија - Кина, Тајланд, Кореа.
Логиката, дури и локално, на многумина им е јасна - ризикот да се избламираш пред некого пијан е занемарлив во однос на ќарот на тој начин да ја стекнеш неговата доверба. Тоа што пак другата страна се согласува да пие со тебе до умирачка покажува подготвеност целосно да го спушти гардот. „Колку што сте поподготвени да ги отстраните општествените бариери навечер, толку клиентите ќе стекнат поголема доверба во вас" - гласи советот на јапонските советници до западните бизнис клиенти.
Ако не трпите алкохол, алтернативни начини за стекнување бизнис пријатели во Јапонија се караоке или одењето во бања.