Таг: доверба

Книжарницата отворена 24 часа каде се плаќа „на доверба“

Велшкото гратче Хај-он-Вај е преполно со прекрасни книжарници со изданија од втора рака и затоа е прогласено за Светски град на книгите. Помеѓу бројните книжарници, една се издвојува и по работното време, и по принципот на наплата.

Зошто им се доверуваме на непознати?

Харвардски социолог во својата книга „Некој со кого можеш да зборуваш“ (Someone to Talk To) се обидува да објасни зошто наместо на најблиските често се одлучуваме да им се отвориме на сосема непознати луѓе.

Зошто довербата е подобра од недовербата?

Сите некогаш сме биле изгорени од залудно дадена доверба - на трговци, политичари, дури и на најблиски. Овие лични искуства нè тераат да мислиме дека луѓето генерално премногу им веруваат на други луѓе, и дека тоа е лоша работа. Всушност, работата е обратна - недоволно им веруваме, тврди еден (наивен?) когнитивен истражувач.

Лекции за лидерството во скршениот свет

Постои потреба за водачи кои сфаќаат дека лидерството не се наметнува со декрет, туку низ промислено дејствување. Ако тој вакум не го пополнат такви водачи, ќе го пополнат некои сосема поинакви. А празнината во лидерството ја нагризува довербата меѓу државите и нивното население - најголемата причина за масовната миграција изминативе децении.

Чадорот

Деновиве сам себе се прашувам...

Јас ли се сменив, или само секој си ги покажа своите рогови?

Заедничкото опивање и јапонскиот бизнис

При бизнис со меѓународни партнери важно е да се знае нивниот тертип на правење на работите, и тоа, според Бизнис инсајдер, во осум области: комуникација, проценка, убедување, раководење, одлучување, доверба, несогласување и правење распореди. Во Јапонија, сето тоа е полесно со алкохол.

Правдата е слепа, ама некогаш и гладна

Ќе видите една тазе видео снимка од американска судница. Човекот пред судијката изеде парче хартија и сега за тоа може да лежи затвор. Веста не е за хартијата ниту за прехрамбените навики на Американците туку за идеалите.

Ако не можете да ни верувате, тогаш ќе си имаме проблеми...

Обама бара од јавноста да му верува дека оние кои се занимаваат со прислушување, имаат попаметна работа отколку да слушаат нечии телефонски разговори. "Ако не можете да ни верувате, тогаш ќе имаме проблеми". Обама има разбирливи поенти во говорот (за законодавната и судска контрола), ама една ваква порака, испорачана од толку моќен политичар, звучи застрашувачки.

Што мислат Европјаните едни за други

Интересно истражување на тема стереотипи за браќата и сестрите од  другите земји во Европската Унија. Да речеме, Германците имаат ужасно лоша репутација меѓу Грците но тоа не им пречи на нашите јужни соседи да сметаат дека од сите, најмногу може да им се верува на Германците.

Доверба, колку тоа трогателно звучи

Опен сорс проект за секоја почит. Се прашуваме што би се случило доколку би овозможиле ваква слобода на избор („кога продавницата не работи слободно позајмете книга или платете ми подоцна") во некоја од нашите книжарници.