Што мислат Европјаните едни за други

Интересно истражување на тема стереотипи за браќата и сестрите од  другите земји во Европската Унија. Да речеме, Германците имаат ужасно лоша репутација меѓу Грците но тоа не им пречи на нашите јужни соседи да сметаат дека од сите, најмногу може да им се верува на Германците.

Во однос на последново прашање, довербата, Германците стојат најдобро меѓу испитаниците од 8 значајни европски земји (Велика Британија, Германија, Италија, Грција, Шпанија, Франција, Полска, Чешка).

Истовремено, истите Германци од мнозинството останати Eвропјани се оценети како луѓе со најмалку сочувство за останатите. 

Инаку, во секоја од овие земји луѓето како најсочувствителни се сметаат самите себе.

Грците најмногу си веруваат самите себе си, за разлика од Италијанците кои тврдат дека луѓе на кои најмалку треба да им се верува се - Италијанците.

Табелата:

повеќе

15 мај 2013 - 17:23