Не сугерирам едноставно да ви кажам "Верувајте ми, правиме исправна работа и знаеме кои се лошите момци".
Ние така не работиме бидејќи имаме законодавна (конгресна) и судска контрола.
Ако народот не може да и верува не само на извршната власт, туку и на Конгресот и на федералните судии, дека работиме според Уставот и владеењето на правото, тогаш ќе си имаме проблеми...
Моето гледање е дека луѓето кои се вклучени во американската национална безбедност, својата работа си ја сфаќаат сериозно. Тие го чуваат Уставот. Последна работа што би ја направиле е да ја користат оваа програма за да слушаат нечии телефонски муабети.