Двајца британски родители си тетовирале по цели свои тела исти црвени површини какви што по има нивната ќерка од раѓање.
Мирор пренесува дека на 18 месечната Хани-Рае Филипс речиси половина од десната половина на телото ѝ е покриена со вакви белези добиени од медицински компликации по нејзиното раѓање.
Мајка и и татко и се тетовирале за да не се чувствува поинаква.
40 годишната мајка на Хани признава дека на почетокот ги покривала нозете на ќеркичката кога излегувале надвор за да не зјапаат луѓе во неа. Еднаш ја извела и со по кратки панталочиња но веднаш слушнале мрморење на минувачите.
Во тој момент со сопругот решиле дека ќерката ќе им биде посреќна ако не зјапаат сите само во неа. Се тетовирале и како потсетување за ќерката дека секогаш ќе има родители кои ја сакаат и ќе бидат подготвени да ѝ помогнат.