Вести

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Речник

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Што вика Библијата за вискито?

За некое време ќе излезе очекуваното овогодинешно издание на „Виски Библијата“ на Џим Мареј. Сите победници ги знаеме, ниеден победник немаме пробано. Тежок живот новинарски.

Уште една рекордна година за 400 најбогати Американци

Влезницата во „Клубот 400“ е зголемена за 18% од лани а секој од првите 10 си го накачил богатството за барем една милијарда долари. 24-та година по ред, орото го води Бил Гејтс кој денес тежи 8 милијарди долари повеќе од лани. 

Американскиот Врховен суд ќе решава дали САД ќе може да шпионираат низ цел свет

Случајот за кој треба да одлучува судот е „САД против Микрософт“ и уште од сега се смета за клучниот случај за иднината на интернет приватноста.

Околу Алах што беше најден кај Викинзи

Минатата недела се појави веста за едно неочекувано откритие дека археолог за текстил од шведскиот Упсала Универзитет го открил зборот „Алах“ испишан на стотици години стара викиншка погребна облека. Времето, 5-6 дена подоцна, покажа дека веста пренесена од најдоверливите медиуми (Би-би-си, Нешнл џиографик...) не е така точна како што изгледа.

Гнасни лаги талибански

За Канаѓанецот кој минатата недела заедно со своето семејство беше ослободен по 5-годишно заробеништво во Авганистан, една од најтешките работи да поверува додека е во заточеништво е дека Трамп е претседател на САД.

Треба помалку коли, а не почисти

Решението за загадувањето на колите моментално е идентично со решението на проблемот со дебели луѓе. Како што дебелината се повеќе се решава со бутај колку сакаш само гледај да е здраво, така и загадувањето се решава со вози колку сакаш коли, само гледај да се електрични. Не може така за сè.

Како директорите на Ен-би-си ја потиснаа ексклузивната сторија за Вајнстин

Откако неколку месеци има директно спротивставување и пречки во својата матична телевизиска мрежа, новинарот на Ен-би-си њуз Ронан Фароу решава ексклузивната приказна за Вајнстин да ја однесе во Њујоркер.

Дали после Вајнстин на ред е Оливер Стон?

На Патриша Аркет одеднаш ѝ текна дека на времето филмскиот режисер Оливер Стон ѝ пратил букет ружи. Што ѝ било чудно. А другпат пак, ја прашал, „што вака со дечко?“ И ете ти sexual harassment.

Трамп верува дека има оригинал Реноар

Биограф на Доналд Трамп раскажа како актуелниот американскиот претседател своевремено го убедувал како слика што ја поседува била прав, правцат Реноар. Скорешно видео интервју со првата дама на САД открива дека лажњакот уште им виси по дома.

Тојота ги пушта камионите кои испуштаат водена пареа

Имаат 670 коњски сили, носат товар од 30 тони а кон атмосферата се добронамерни како чајник. Први на улица ќе можат да ги забележат жителите на Лос Анџелес.

Кампањата на ЦИА со лажни вести

Американски професор по историја во Њујорк тајмс ги потсетува Американците дека беспоштедната политичка пропаганда не е измислица на злите Руси. ЦИА во 50-тите години за истата цел го создава Радио Слободна Европа, станица која само за реклами добива медиумски простор од две милијарди долари.  

Мартин Скорсезе го зашамара Ротен Томатос

Изнервиран од тоа како беше закопан последниот филм на Дарен Аронофски на влијателниот Синемаскор, режисерот порача дека оценувањата кои се денес популарни немаат врска со вистинска филмска критика туку со тоа како се рангираат кујнски апарати.

Ако треба лиценца за оружје, треба и за новинари

Изнервиран што му се мешаат во оружјето, републикански законодавец изготвил предлог закон со кој истото се бара и за новинари. Кој е без лиценца,  може да биде новинар само по дома.

Запознајте го овој паталец

Апстиненцијата си го најде најимпресивниoт симбол до сега. Се вика Diploscapter paschys. Проѕирно црвче помало од зрнце афион, кое немало секс подолго од најзагорените меѓу нас. Цели 18 милиони години.

Како комичарите го покрија Бил О'Рајли а како Харви Вајнстин

И двата сексуално малтретирале колешки. Првиот конзервативец, вториот либерал. На првиот ток-шоу домаќините душата му ја извадија  За вториот - штама. Освен Џон Оливер (подоцна и Колбер). Двајцата излезени од работилницата на Џон Стјуарт.

Чекориме кон пост-антибиотска апокалипса

Заради претераното користење, антибиотиците стануваат сè помалку ефикасни бидејќи бактериите стануваат отпорни на нив. Проблемот е поголем отколку самиот рак.

Африка праќа христијански мисионери во Велика Британија

Знаете што правеше Мис Стон на овие простори (пред да ја грабнат). Денес е обратно. Христијани од Афика, Јужна Америка и Азија се обидуваат да ја рашират божјата реч во земјите од кои им е дојдено христијанството.

Кинезите си грмат

Кинеските власти порачаа дека без никаков проблем ќе ги достигнат таргетите за економски раст кои им се проектирани на 6,5%. За споредба, ЕУ годинава брка просечен раст на БДП од 1,7%.

Kризата во Шпанија како шанса за Европа

Изјавата дека тоа се внатрешни проблеми на Шпанија во кои ЕУ не треба да се меша  е израз на лицемерие од највисок ранг. Секако, лицемерието не е ништо ново во однесувањето на ЕУ. На нејзините функционери не им е под чест да се мешаат во внатрешните работи на државите членки кога, на пример, треба да ги сменат избраните политичари затоа што тие одбиваат да ги спроведат мерките (што лично го имам искусено).

Зошто либералите толку се палат на војни?

Долгогодишната хистерија околу Русија, грижливо потпалувана од американските меинстрим медиуми и од НАТО пропагандата, ги втурна Американците во милитантно расположение, правејќи ги спремни „да се борат и да загинат“ за прекуоекански земји за кои до вчера немаа ни слушнато.

Хјустон, стварно имаме проблем

НАСА останува без најдрагоцениот елемент неопходен за идните вселенски мисии. Останува без гориво без кое не може да се добаци до тие планети кои се поџенем и од Брајчино. Пу, ама не јаз'к туку 238. 

Што, поверувавте дека Лукашенко за ЕУ е диктатор?

До вчера просто се тркаа кој почесто ќе го нарече „последниот европски диктатор“. Сега му посакуваат добредојде на самитот на кој ќе се негуваат економските интеграции и европските вредности.

Кој се изгорел од бурка, дува и на ајкула

Австриската полиција казнила човек затоа што заради рекламирање на еден дуќан, бил маскиран во ајкула. По кој закон го казниле? По законот за забрана на бурки.

Изумителот на „Лајк“ си става забрани за интернет

Паметни дечки од Гугл, Фејсбук и Твитер, и тоа од оние кои лично имаат придонесено во нивната популарност, почнуваат да се пишманат од сето тоа заради зависноста која ја предизвикуваат тие платформи. За почеток, треба да знаете добар дел од нив веќе не се „социјално вмрежени“ а децата ги праќаат во елитни школи во кои е забрането да се дојде со смартфон.