Среде мега скандалот со Харви Вајнстин кој уште долго ќе биде главна тема во Холивуд, актерката Патриша Аркет се пријави дека во минатото и таа била жртва на сексуално вознемирување, но во нејзиниот случај, од Оливер Стон.
„Оливер Стон ме бараше за филм. Зборувавме за материјалот, кој беше доста сексуален. Средбата беше професионална“, пиша Аркет. „Потоа ми прати букет ружи. Не е необично да се добие цвеќе но нешто во врска со него ми беше чудно“.
Подоцна Стон ја поканил на филмска проекција, таа решила на настанот да оди со дечко ѝ а Стон ја прашал зошто го довела.
И толку. Имале средба за која таа признава дека била професионална, овој ѝ пратил ружи и простачки ја прашал зошто е со дечко. По ново, тоа е сексуално вознемирување.
Стон деновиве го пријави и една друга жена, некогашната плејбој зајачица Кери Стивенс која на некоја забава, Стон на поминување ја стиснал за цицка, како да свири онаква, гумена труба. Сељачки, скроз, ама? Ако е важно, Кери Стивенс во едно интервју призна дека одела во 'озлогласениот' пансион на Хју Хефнер и кога била бремена а подоцна на голите фото сесии со себе таму го носела и својот син (кога малиот имал 5-6 години му паднало чудно ама оваа го подлажнала што работи).
За Стон допрва ќе се види како тоа со него ќе се развива, а што се однесува до Вајнстин, го јадел тотално. Нема кој од него не дигна раце, дури и оние кои на почетокот помислија да ги ублажат обвиненијата. Но, тие се наталожија премногу и од долгата листа сведоштва, јасно е дека човекот бил бахат, офанзивен и вознемирувачки сексуален предатор кој ја користел својата аура на моќен човек за да ги наговара на секс оние девојки на кои им бил битен за кариерата.
Ама сепак можело да биде одбиен. Тоа, на пример, го направила Анџелина Џоли која по непријатното искуство со него решила никогаш да не снима со Вајнстин. Па ете, ни влакно не ѝ фалеше од кариерата.
Муабетот ни е, во актуелната поплава од сведоштва за траумите со него, се протнуваат и приказни кои ни се некако чудни.
На пример, онаа на Асиа Арџенто, актуелната девојка на Ентони Бордејн. И таа деновиве обелодени дека била силувана од Вајнстин. Поточно дека тој свовремено со сила извел орален секс врз неа (?). Што, простете ни на неукоста, е прв случај на орално силување за кој сме чуле (а да бил изведен без физичка или вербална закана). Според нејзините зборови, во текот на тој чин таа решила да се преправа дека ужива, како што вели, во надеж дека овој побрзо ќе заврши. А тоа не сè што се случило меѓу нив двајца. Подоцна имале сексуална врска за која Арџенто признава дека била консензуална. Ама па, вика таа, „мислела дека така треба“.
Оди па фати му крајот.
Последно за Вајнстин е дека е набркан од филмската академија. На компанијата која го носи неговото име ѝ беа доволни 3-4 дена по избивање на скандалот за да го стори истото. Сега се врти диламата дали на паднатиот продуцент треба да му бидaт одземени и Оскарите. Притоа никој не е сигурен како би се извела и многу поважно, како би завршила една таква морална лустрација на оскаровците и кој всушност неа би ја преживеал (Чаплин сигурно не).
Во Кварц има едно интересно гледање на овој случај со падот на моќниот холивудски продуцент. Накратко, поентата им е дека гласноста околу Вајнстин не се должи на некаков културолошки пресврт во Холивуд туку дека скандалот беше можен само затоа што реалната моќ на Вајнстин веќе беше почнала да бледее.
Но, сексуалноста не е единствената линија по која Холивуд се крши во оваа ера. Шарлота Ремплинг мораше да се извинува и објаснува околу нејзината оценка дека новиот холивудски фетиш, диверзитетот, оди на штета на филмскиот квалитет бидејќи денес повеќе се пребројува колкумина и од кое малцинство (расно, сексуално, какво било) биле наградени.
A се бојкотираат филмови и ако актер без инвалидитет глуми лик со инвалидитет, логика по која треба да се лустрираат и Дастин Хофман ("Реин мен"), Шон Пен ("Јас сум Сем"), Том Хенкс ("Форест Гамп") како и комплетниот екипаж од „Лет над кукавичјото гнездо“.