Предлогот на Џим Лукас од Индијана предвидува новинар - дефиниран како секој што пишува или објавува во весник, магазин, веб сајт, телевизија или радио - да се регистрира во полицијата и да му биде земен отпечаток од прст.
Лукас ја предвидува и можноста полицијата да одбие да издаде лиценца повикувајќи се на нечии проблеми со карактерот и репутацијата.
Интересно е што својот предлог закон Лукас го има направено по урнек на федералните прописи за контрола на оружјето па се предвидува забрана за новинарска дејност поблиску од 500 метри до училиште или пак можност оние кои нема да добијат лиценца да може да се занимаваат со новинарство само во својот дом и двор.
Предлог законот не е пуштен во процедура бидејќи и за самиот предлагач тој служи да обрне внимание на нелогичностите околу лиценците за оружје, но и да влезе во постапка па и да биде изгласан, нема шанса да ги мине судските инстанци бидејќи е во директна спротивност со уставниот амандман кој ја гарантира (нелиценцираната) слобода на говорот и мислењето.
Нњкои пак сметаат дека апсурдните предлог закони како овој на Лукас ги тераат на размислување дали не е време да се воведат лиценци и за законодавци.