Причините за трупањето оружје не ги бараме во поединечните склоности и психолошките мотиви, туку во колективните односно политичките перспективи. Патријархалната култура, неодговорната власт, фалсификувањето на историјата, несоодветниот образовен систем, колективната фрустрација од загубените војни, и отсуството на соочување со таа непријатна околност, инструментализацијата на траумата, сите тие се политички мотиви кои придонесуваат кон фантазмот за моќта на поседувањето оружје. Тоа, а не некаков култ.