Во првите три недели од годинава, во САД се забележани дури 39 масовни убиства. Меѓу нив, едно на југот од Сан Франциско каде загинаа 7 луѓе (Half Moon Bay) и едно во Калифорнија каде загинаа 11-мина (Monterey Bay). Најголем дел од инцидентите се случиле на југот од земјата, во држави како Луизијана и Флорида.
За целата 2022-ра се избројани 647 масовни пукања со смртни последици а во 2021-ва имало 690.
Gun Violence Archive го дефинира масовно убиство како ситуација во која најмалку четворица луѓе се застрелани, убиени или повредени, не вбројувајќи го напаѓачот.
Претседателот Бајден во реакцијата на пукањето во Сан Франциско го повика Конгресот да ја усвои забраната за поседување оружје што сега е уште помалку веројатно, бидејќи таму контролата ја имаат Републиканците.
Претседателот на претставничкиот дом, републиканецот Кевин Меккарти, лани побара од неговите партиски колеги да ја поддржат реформата, но Демократи сметаат дека таа не е доволна и му замеруваат што не се обратил јавно по повод последните масовни убиства. Меккарти изјавил дека чека повеќе информации за последните убиства во Калифорнија, и посочил дека „иако Калифорнија е меѓу државите со најстроги закони околу поседувањето оружје, очигледно е дека тоа не изиграло голема улога во случајот со Монтереј Беј“.
И, не е работата само да преживееш.
Еден повреден од масовните пукања му се пожалил на гувернерот на Калифорнија Гавин Нусам дека бара начин што побрзо да излезе од болница заради астрономските цени на престојот и медицинската нега.