Од почетокот на годинава, во САД имало повеќе масовни убиства одошто денови. За 25 дена колку што досега трае 2023-та, регистрирани се дури 39 масовни пукања и погибии. А за оние што повредени сепак преживуваат вакви инциденти, маките не се завршени бидејќи треба и болница да се плати.
АР-15 е цивилната верзија на американската М-16 и за несреќа е идентично квалитетна и разорна пушка. Зборувајќи за куршумите на АР-15 професорката од Универзитетот на Јужна Калифорнија Синтија Бур ќе каже „коските нема да се скршат туку ќе се распарчат. Органите нема да бидат само пробиени, туку делови од нив целосно уништени.“
Во САД за помалку од 24 часа во две масовни убиства, Дејтон и Ел Пасо, загинаа 34 лица, што треба да е доволен повод за секој разумен човек, пример Нил Деграс Тајсон, малку да поќути и да сочувствува. Овој пат, не беше така.
Аргументот на тие што се против поседување оружје е дека масовните убиства во САД се случуваат заради тоа што во земјата може многу лесно легално да се купи оружје. Аргументот на тие што се за поседување оружје по дома е дека САД имаат проблем со ментални болести, а не со внимателни сопственици на оружје. Вистината веројатно е некаде измеѓу.
Јапонија има една од најниските светски стапки на злосторства сторени со огнено оружје. Само шест во текот на цела една година, наспроти 33.599 вакви случаи во САД. Во што е тајната?
8 од последните 14 масовни убијци во САД имаат кривично минато и документирани психички проблеми. И покрај ова тие немаат проблем да го набават оружјето со кое ги извршуваат масакрите. Во исто време, Џон Оливер, имаше нешто сосема друго да праша на темава.
Зијах Гафиќ и е босанско-херцеговски фотограф кој изминатите неколку години прави колекција на фотографии од предметите со кои се закопани жртвите на масакрот во Сребреница. Деновиве неговите фотки беа објавени во магазинот Feature Shoot.