1-ви октомври 2015.
Кристофер Харпер-Мерсер убива 9 луѓе во колеџот во Орегон, каде што и тој е запишан. Има шест парчиња огнено оружје на себе, меѓу кои: Глок пиштол, Смит и Весон пиштол, Таурус пиштол и Дел-Тон полуавтоматска пушка.
2008-ма
Харпер-Мерсер минува еден месец во армијата, ама е отпуштен пред да ја заврши основната обука.
2009-та
Дипломира на Свицер училишниот центар во Торанс, Калифорнија, во кој студираат ученици со проблеми со учењето и емоционални проблеми.
Пред пукањето
Се на се, Харпер-Мерсер имал 14 парчиња огнено оружје, сите купени од лиценцирани продавачи на оружје. Некои биле купени од Харпер-Мерсер, а некои од членови на неговото семејство.
1-ви октомври 2015-та
Уби 9 луѓе во Розбург, Орегон.
26-ти август 2015-та.
Вестер Ли Фланаган Втори, со Глок пука и убива новинарка и камерман додека во живо се вклучени во вестите на локална телевизија од Роанок, Вирџинија.
2000-та
Фланаган поднесува тужба против телевизија од Талахаси, во која тврди дека е отпуштен затоа што е жртва на расистички навреди и малтретирање.
2012-та
Него го вработува телевизијата WBDJ од Роанок. Во рок од неколку месеци неговите шефови веќе документираат неколку негови испади со остар речник и агресивно однесување. Подоцна тој е отпуштен, по што поднесува уште една тужба за малтретирање.
Јуни 2015-та
Според федералните власти Фланаган легално го купува својот пиштол од лиценциран продавач. До тогаш тој не е осуден за криминал, ниту пак му се дијагностицирани психички проблеми.
26-ти август 2015
Фланаган ја убива новинарката и камерманот, притоа ранувајќи ја жената што тие ја интервјуираат, по што извршува самоубиство.
23-ти јули 2015
Со полуавтоматски пиштол купен од заложувалница, Џон Р. Хуасер убива двајца и ранува уште деветмина во кино во Лафајет, Луизијана.
2006-та
Одбиено е барањето на Хаусер за дозвола за носење скриено оружје затоа што е обвинет за домашно насилство и учество во поттикнување пожар.
2008-ма
Судија наредува тој да биде испратен во психијатриска болница.
2014-та
Хаусер купува оружје во Алабама. Според официјални извештаи тој легално го купува оружјето, иако е одбиен за дозвола за носење скриено оружје, и покрај загриженоста на членови на семејството дека тој бил насилен и ментално болен.
23-ти јули 2015-та
Убива двајца во Лафајет.
17-јуни, 2015-та
21-годишниот Дилан Руф, убива 9 луѓе со Глок калибар 45, во историска црнечка црква во Чарлстон, Јужна Каролина.
Февруари 2015-та
Руф е обвинет за прекршок заради поседување на Субоксон, лек што се добива на рецепт кој често нелегално се продава на улица.
Април 2015-та
Тој купува пиштол од продавница во Западна Колумбија, во Ј. Каролина. На Руф не требало да му биде дозволено да купи оружје бидејќи веќе имал признание за поседување дрога. Истрагата на ФБИ покажала дека проверката при купувањето оружје не успеала да дојде до полицискиот извештај од неговото апсење во февруари.
17-ти јуни 2015
Руф се приклучува кон групата за изучување на библијата во црквата во Чарлстоун, по што почнува да пука од пиштолот што го купува во април.
24-ти октомври 2014-та
15-годишниот Џајлен Реј Фрајберг, со Беретата на татко му пука и убива 4-ца ученици во кафетеријата во неговото средно училиште во Мерисвил, Вашингтон.
2002-ра
Таткото на Џајлен, заради семејно насилство добива перманентна забрана за приближување, која требало да биде внесена во неговото досие во федералната база на податоци.
2013-та
Фрајберг постариот аплицира за купување Берета од продавница во индијанскиот резерват во кој живее заедно со Џајлен. Проверката на неговото минато не ја открива забраната за приближување бидејќи истата таа никогаш не е внесена во системот.
24-ти октомври 2014-та
Џајлен Фрајберг им пушта порака на петмина соученици да дојдат во кафетеријата каде почнува да пука кон нив.
2-ри април 2014-та
Специјалистот Иван Антонио Лопез во Форт Худ почнува да пука од својот полуавтоматски Смит и Весон при што убива тројца, а ранува 16 луѓе.
2011-та
Специјалистот Лопез се враќа од 4-месечна служба во Ирак и на своите претпоставени им кажува дека таму се стекнува трауматска повреда на главата. Претпоставените велат дека тој никогаш не бил во борба и дека е повлечен заради можно пост-трауматско пореметување.
Март 2014-та
Лопез оди на воен психијатар речиси еден месец пред пукањето. Тој е на третман за депресија и анксиозност, и му е препишан Амбиен за да му помогне со спиењето.
1-ви март 2014-та.
Лопез го купува својот пиштол во истата продавница во која оружјето го набавува и Нидал Малик Хасан, армискиот мајор кој во 2009-та изврши масовно убиство застрелувајќи 13 луѓе во воена база.
2-ри април 2014.
Околу 16 часот, Лопез почнува да пука кон војниците.
16-ти септември 2013.
Арон Алексис со Ремингтон сачмарка уби 12 луѓе на морнаричката база во Вашингтон.
2011-та
Алексис е отпуштен со почести од морнарицата откако почнал да покажува она што морнаричките офицери го нарекуваат "шаблон на непослушност" за време на 4-те години како резервист.
Еден месец пред пукањето
Тој двата пати бара третман за психолошки проблеми од Департманот за ветерани. Тој и пријавува на полицијата дека луѓе постојано го бркаат и му испраќаат вибрации преку ѕидовите во хотелот во кој живее.
Септември 2013-та
Не му е дозволено да купи пушка во продавница за оружје во Вирџинија, меѓутоа смее да купи сачмарка. Тој ги минува локалните и државните проверки на минатото.
16-ти септември 2013-та
Убива 12 луѓе.
14-ти декември 2012-та
20-годишниот Адам Ланза дома ја убива мајка си, а потоа убива уште 26 луѓе, претежно деца, во Сенди Хук основното училиште во Њутаун. Тој користи Бушмастер ИксЕм-15 полуавтоматска пушка, и Севиџ Марк 2 пушка.
2009-та
Ланза завршува средно училиште. Дел од соучениците тврдат дека тој е малтретиран на училиште. Освен тоа има проблеми со развојот и е опишан како претерано срамежлив, и без пријатели.
По средно училиште
Во годините пред пукањето тој е оставен без никаков третман за психичките и физичките проблеми како анксиозност и опсесивно-компулсивно пореметување.
Пред пукањето
Мајка му, Ненси Ланза, ентузијаст за оружје, легално купува и регистрира поголема колекција на оружје и често ги носи своите синови на полигон за пукање.
14-ти декември 2012-та
Ланза го користи оружјето на мајка му за да ја убие нејзе и уште 26 други.
5-ти август 2012-та
Вејд Пејџ убива шест луѓе со Спрингфилд армори полуавтоматски пиштол, кога почнува да пука во лобито на Сики храм во Оук Крик, Висконсин, додека верниците доаѓаат на неделна служба.
1994-та
Додека е на служба во армијата во Форт Блис, Пејџ е обвинет за кривично однесување, откако прави неколку дупки во ѕид на еден локален бар. На суд ја признава вината.
Почетокот на 2000-те
Тој го привлекува вниманието на властите заради поврзаноста со нацистичкиот бенд Енд Апати, кој изведува песни со насилни текстови.
Јули 2012-та
Легално купува оружје од продавница во околината на Милвоки. Тој ги минува сите проверки на минатото и плаќа 650 долари во готово.
5-ти август 2012-та
Убива шестмина, а ранува уште тројца во храмот.
20-ти јули 2012-та.
24-годишниот Џејмс Холмс убива 12 луѓе, а ранува 70 во киносала во Аурора, Колорадо, користејќи Смит и Весон полуавтоматска пушка, Ремингтон сачмарка и Глок полуавтоматски пиштол.
Март 2012-та
Во рок од 4 месеци Холмс купува над 3.000 парчиња муниција за пиштолот, 3.000 парчиња муниција за полуавтоматската пушка и 350 парчиња муниција за сачмарката. Сето ова преку интернет.
Мај 2012-та
Тој оди на психијатар и е во процес на напуштање на студиите по медицина на Универзитетот Колорадо.
Мај 2012-та
60 дена пред пукањето, тој легално купува четири пиштоли од една локална продавница. Тоа што посетува психијатар, па дури и сериозното ментално заболување, не го дисквалификуваат од купување пиштол.
20-ти јули 2012
Почнува да пука во киносалата убивајќи 12 луѓе.
--------------
Излагањето на Џон Оливер за тоа што масовните убиства секогаш се поврзуваат со ментални проблеми: