Во неделата прославениот астрофизичар објави твит кој ќе имаше сосема друга тежина кога не би бил во момент кога уште се пребројуваат жртвите од двата масакри.
Крајно педантно, Тајсон пишува дека во просек во 48 часа во САД умираат 500 луѓе како последица на медицинска грешка, 300 луѓе како последица на грип, 250 од самоубиство, 200 од сообраќајни несреќи и 40 од убиство со пиштол.
Статистиката тој ја завршува со пораката: „Често пати нашите емоции повеќе реагираат на спектакл отколку на бројки“.
Твитот беше начекан на волеј, што од сочувство, што од гнев за жртвите, што од туркање агенда на некоја од страните (анти/про оружје).
Па имаш:
или
Откако го преспа твитот и лавината реакции, Тајсон во понеделникот на Фејсбук се извини за својата порака: „... Она што сфатив од реакциите на многу луѓе е дека некои информации - мојот твит конкретно - може да бидат точни но да не помагаат, посебно во време кога толку многу луѓе или се уште се во шок, или се обидуваат го надминат ова - или и двете...“
Твитот на Тајсон има 307.000 лајкови и околу 90.000 ретвитови.