Од 2000-та наваму без разлика која идеологија или постава е на власт, вооружените масакри, со посебен нагласок на училишните, станаа речиси редовна појава во САД. Ужаснувањето од истите својот пик го достигна со масакрот во Сенди Хук, кога меѓу другите беа убиени 16 деца на 6-годишна возраст и 4 деца на 7-годишна. 16 дечиња од 6 години и 4 дечиња од 7 години.
Сценариото по кое се развиваат настаните по некој масакар веќе е речиси стандардизирано: се бара убиецот за да се утврди дали е терорист или само белец со оружје и се пребројуваат жртвите. Јавноста е шокирана, па во тага од настанот дел е гневна на социјалните медиуми, дел испраќа апели ова да не се повтори плус мисли и молитви.
По ова фокусирањето е на убиецот. Доколку е терорист, што во мноштвото случаи не е, виновна е неговата идеологија и тие што го радикализирале, доколку е белец со полуавтоматска пушка тогаш тој страда од ментални болести.
Тука дебатата се разделува во два правци.
Првите се оние кои со цело право се гневни што кој сака може да купи какво сака оружје во САД, и кои тврдат дека законите барем малку од малку треба да бидат стегнати.
Вторите се луѓето кои поседуваат оружје, и чија позиција исто така држи вода, дека не сите сопственици на оружје се лудаци кои едвај чекаат да излезат на улица за да масакрираат деца, туку дека луѓето што ги прават овие злостори имаат ментални проблеми кои преовладуваат во САД.
Откако оваа дискусија ќе се развлече до недоглед, на дневен ред доаѓа некоја друга актуелна тема, која недодржливо крчкала во позадина и комплетно го помрачува масакрот кој во која било друга развиена држава би обележал една цела генерација на луѓе низ целата нација.
Како што минува времето, така и публиката затупува и послабо реагира на вакви настани, со што истите добиваат се пократко и пократко внимание во САД. Па ако масакрот во Сенди Хук со недели беше главна тема во американските медиуми, последниот масакар во Паркленд издиша за помалку од десетина дена и медиумите пак се вратија на Трамп.
Своевремено ХБО како показна вежба прави еден сопствен експеримент во кој на 13 годишно дете му монтира скриена камера и му дава пари за да оди легално да купи: алкохол, цигари, порно, лото ливчиња и пушка.
4 од 5 го одбиваат: