„Доколку медиумите и понатаму се упорни почнуваш со ’напад, напад, напад’. Удираш по групите што се залагаат за контрола на оружјето, ги срамиш со пораки од типот ’како не ви е срам застанати на гробовите на тие деца да туркате сопствена политичка агенда?’,“ објавува Ал-Џезира во извештајот од својата истрага.
Ова е советот што најмоќното лоби за оружје во САД и го даваат на австралиската партија Една нација, кога овие бараат помош за олабавување на строгите австралиски закони за контрола на оружјето.
Австралиската партија побарала милиони долари во донации од НРА и уште некои десничарски првотимци од САД, со цел доаѓање на власт во Австралија и последователно олеснување на законите за контрола на оружјето.
Репортажата е во два дела: