Дебатата на оваа тема повторно се разгоре откако се дозна дека Ајова почнала да им издава дозволи за оружје на слепи лица, нешто што го сметаат за легално по законот за поседување оружје од 1968 година. Тој го лимитира ова право за оние кои одлежале над една година затвор, лица со ментални проблеми или зависници. Од друга страна постои закон за инвалидитет со кој се забранува ограничувања на човекови права врз основа на физички предиспозиции.
Еден од шерифите кои издаваат дозволи и самиот има слепа ќерка и вели дека почнал да ја обучува како слеп човек може да користи оружје (е како де?) за да биде подготвена да набави легално парче кога ќе ја задоволи возрасната граница за тоа.
Американските држави различно го регулираат ова прашање. Некои од нив бараат „доказ за вид“ како што е со возачките дозволи, некои имаат пукање и погодување мета како квалификација за лиценца.
Противниците на овој закон сметаат дека ваквото толкување на законите се коси со здравиот разум и дека вооружен човек на јавно место не може да направи ништо друго освен беља.
Лани слеп Американец кому полицијата му го конфискувала домашниот арсенал оружје, случајот го однесе на суд и го доби.
„Не се работи за моќ, се работи за слобода“, изјави Стивен Хоплер.