На ниво на сите испитаници, 56% имале согласност дека „генерално верувале дека се спроведени фер избори и дека гласовите се точно преброени.“ Меѓутоа поделено по партии, некаде околу 80% од демократите верувале во изборите, додека само 33% од републиканците ја имаат истата верба во изборите.
Други бројки што ги вади анкетата е дека 49% од Американците изјавиле дека „се повеќе и повеќе се чувствуваат како странци во својата држава“.
Од 28% од анкетираните гласачи кои сметале дека наскоро би можело да биде неопходно „да кренат оружје против владата“, некаде околу 37% имале оружје дома.
Речиси половина од испитаниците изјавиле дека избегнуваат политички муабети со други луѓе „затоа што не знам на кој став се“, една четвртина изјавиле дека изгубиле пријатели и уште толку избегнувале пријатели и роднини, заради политика.
Анкета е направена на над 1.000 Американци инаку регистрирани гласачи.