Норвешка фирма за софистицирана технологија на неколку неименувани земји им дала пробен пакет од својот најнов производ, куршуми кои се ефикасни и под вода. Велат, со нив можеш од хеликоптер да пукаш и да оневозможиш подморница.
Ги имаат во различни калибри и можат да се користат со постоечките, конвенционални оружја. Куршумите се направени од тунгстен со месингана обвивка а за да бидат убиствени, се користи таканаречена суперкавитација, ефект на создавање прецизно калибриран воздушен џеб околу куршумот кој му овозможува да шиба на големи растојанија.
„На доста земји им дадовме да пробаат, сигурни сме дека ќе се вратат по многу повеќе“, велат од норвешката компанија кои не кријат дека главна мета им е американската војска.
Значи, вакви куречња веќе не:
Ама ако во Дојранско, под вода случајно налетате на човек со лак и стрела, паметно е да му се тргнете од патот:
А и да нема лак и стрела, што го знаеш што човек е....