Повикот е до сите Американци што се подготвени да му се спротивстават на „отпорот“, движењето против претседателството на Доналд Трамп.
Дејна Леш, портпаролката на НРА и главен лик во рекламата, ги опишува анти-Трамп протестите како лудило и терор што „затвора автопатишта и аеродроми“ и ја предизвикува полицијата да интервенира. По пат Леш како непријатели ги реди и медиумите, холивидуските ѕвезди, образованието, Обама...
Рекламата има слична содржина на изјавата на извршниот потпретседател на НРА, Вејн Лепиер, кој во февруари порача:
„Моментално ние се соочуваме со организирање на силите што се подготвени да употребат сила против нас...
...Пораката на левицата е апсолутно јасна. Тие сакаат одмазда. Ти мора да бидеш казнет. Тие велат дека ти си тоа што е погрешно со Америка и земјата сега мора да биде исчистена од тебе.“
Критиките за рекламата се дека е „отворен повик за насилство“ и дека е „на само еден шепот од повикување на граѓанска војна“.
Рекламата: