Најслабата алка во контролата на оружје во САД

Во време кога САД повторно се завиен во „тотс енд преарс“ за жртвите на уште еден масакар, Мел магазин објавува кратка новинарска репортажа неверојатната неупотребливост на системот што полицијата го користи кога сака да го открие сопственикот на оружје употребено во криминал. Веројатно најдобра имплементација на систем кој треба на никого да не му заврши работа.

За да го дознае сопственикот на оружјето, полицијата праќа барање до Националниот центар за трагање, каде се наоѓа документот од секоја легална продажба на оружје во земјата (име презиме на сопственикот, сериски број, кога и од каде е купен и слично). И ова буквално се документи на хартија, кои стојат складирани во кутии. За да се одговори на барањето вработените треба да го најдат листот хартија низ илјадниците кутии што ги имаат. Нормално имаат разработен некаков систем на картотека што го користат, она што е проблем за секој аналоген систем е што во центарот стигаат околу 8.000 вакви барања на ден.

Кога ја надминуваат бројката од 10.000 кутии во зградата, Центарот купува бродски контејнери и ги распоредува на паркингот околу зградата за да складира нови документи. До сега на паркингот имаат 29 контејнери.

Работата е малку тргната и тие веќе ги дигитализираат документите што ги имаат со темпо од 16 часа на ден. Меѓутоа продолжувајќи со својата бесцелност Центарот документите ги дигитализира како слика, без никаква можност за пребарување на текс, или создавање на каква било база на податоци за полесно и побрзо пребарување, заради што вработените треба да ги прегледуваат цели документи, само наместо во хартија овие се на компјутер. И не е дека луѓето се неспособни, туку имаат сериозен противник кој никако не сака работата да се забрза - НРА и лобито за продажба на оружје.

Според неодамнешните пресметки во Соединетите Американски Држави има повеќе продавници за оружје, отколку Мекдоналдс ресторани, Старбакс кафулиња и супермаркети, заедно.

 

15 февруари 2018 - 12:07