На Америка и снемува оружје и муниција, за цивили

„Мајки со бебешки колички и баби купуваат сачмарки“ изјавува сопственикот на една продавница за оружје во Њујорк, на кого продажбата на муниција му е зголемена за десет пати, а пратки од 10.000 куршуми ги продаваат за само 3 дена.

Масовното грабање на што повеќе оружје и муниција во САД главно се припишува на пандемијата надополнета со страв од социјални немири и криминал. Има и не толку апокалиптични објаснувања, дека едноставно луѓето сега имаат повеќе време за лов.

Процените на продавачите на оружје се дека во САД за време на пандемијата се продадени 8 до 9 милиони парчиња оружје на луѓе кои прв пат купуваат оружје. Со секој примерок во пакет доаѓаат по две кутии муниција или 800 нови куршуми, „а згора на ова се луѓето кои веќе имаат оружје.“

Најголемата побарувачка е за 18,5 милиметарска муниција за сачмарка, куршуми за 9 милиметарски пиштол и .556 куршуми за полуавтоматски пушки.

„Имаме 10 или 15 дистрибутери а фабриките работат 24/7 и ние се уште не можеме да ја покриеме побарувачката. Можат да наплатат колку сакаат и пак не можеме ништо да добиеме,“ изјавува еден дилер на оружје од Бардониа, Њујорк.

ФБИ Системот за проверка на сопствениците на оружје во 2010 бележи 14,4 милиони проверки за купување на оружје. Во 2020 бројката е порасната на 39,7 милиони проверки. Во 2021 до крајот на јуни извршени се 22,2 милиони проверки.

За да се надомести дефицитот, увозот на муниција во САД од Русија, Јужна Кореја, ЕУ и други извори, изминативе две години е зголемен за 225%.

3 август 2021 - 13:27