По последното масовно убиство во САД:

На сè се човек навикнува

Во својот мандат Барак Обама мораше дури 15 пати да се обраќа по повод некое масовно убиство. По последниот масакр во Орегон тој не го криеше гневот што и ваквите инциденти и јавните реакции на нив веќе стануваат рутински. Американскиот претседател ги потсети граѓаните дека иако зад масакрите од ваков тип секогаш стојат некакви лудаци, главната причина е во политичкиот избор што САД упорно го прави.

Како што кажав пред неколку месеци, и неколку месеци пред тоа и како што кажувам секој пат кога ќе видиме некое вакво масовно убиство, нашата загриженост и молитвите не се доволни. Тие не можат да ја покријат болката и жалта и гневот кои треба да ги чувствуваме. Тие нема да сторат ништо да спречат вакво нешто повторно да се случи во Америка следната недела или наредниот месец.

Ова е едно од оние прашања кои треба да се политизираат.

Сè уште не знаеме зошто оној поединец го сторил тоа што го стори а фер е да се каже дека секој што ќе направи такво дело има некоја болест во главата. Но, ние не сме единствената земја во која постојат луѓе со ментални проблеми кои сакаат да повредат други луѓе. Но сме единствената земја на планетава во која вакви луѓе прават масовни убиства на секои неколку месеци.

Некако, ова стана рутински. Известувањето стана рутинско. Моево обраќање од овој подиум стана рутинско. Станавме имуни на сево ова. Се надевам и се молам до крајот на мандатот да не мора да излегувам по истиот pовод и да им нудам сочувство на семејствата. Судејќи по личното искуство, не можам да го гарантирам тоа. А работите можат да се сменат.

Ова го изјави американскиот претседател по убиствениот поход на извесен 26 годишен Крис Мерсер во кој загинаа десет а ранети се најмалку 7 лица за подоцна убиецот да настрада во престрелка со полицијата.

Политичкиот проблем на кој реферира Обама е достапноста на оружјето. САД едноставно имаат неверојатно високо ниво на вооружени инциденти. Работите стојат овака:

 

2 октомври 2015 - 09:46