Украина се пожалила дека е при крај со оружјето неопходно за спротивставување на руската авијација и тенкови, и ги поттикна Германија и Франција да го исполнат ветеното и да испратат повеќе оружје.
„Одбранбените сили далеку ги надминуваат западните очекувања со тоа како го запреа руското напредување и ги спречија да освојат клучни градови.
Западни функционери изјавија дека Украина ’очигледно троши многу артилерија’ далеку повеќе отколку што предвидувале. Тие очекувале дека во оваа фаза ќе поддржуваат далеку помал отпор.
Пентагон изјави дека Украина изненадила и во некои делови почнала да враќа територија ’па повремено и да тргнува во напад’,“ пишува Тајмс.
Минатата недела украинскиот министер за надворешни работи изјави дека војската има уште две недели противавионска и противтенковска муниција. Ова било само „делумно подобрено“ откако на Украина и биле испратено дополнително оружје изминативе денови.
Наводно Зеленски на Борис Џонсон и на соработниците им има кажано дека Украина во рок од 20 часа троши 1-неделна муниција.
Одделно од ова, британскиот министер за одбрана во разговор со руски пранкстери призна дека Британија е при крај со залихата од Нлав, противтенковското оружје со кое ја снабдува Украина. До сега тие има имаат испорачано 4.000 примероци Нлав, плус други се на пат.
Од последното алармирање на Украинците, испораките ги забрза и Германија која испратила 1.000 анти-тенковски оружја, 500 Стингер земја-воздух проектили и 500 Стрела земја-воздух проектили.