Невообичаено е светот да ѝ бере гајле на хиперпродуктивната Германија, која и овојпат се перчи испорачувајќи купишта муниција на фронтот во Украина. Војната е (се чини) далеку, а Германија (се чини) нема намера да пука. Сепак, германскот Бизнис Инсајдер открива дека земјата е тенка на муниција и дека во претстојниот период ќе треба многу повеќе да се потрудат околу своите залихи.