„Загрижени сме затоа што гледаме дека нашиот иден раст а загрозен од хард-дискови за видеа со мачки,“ изјавил ЦЕО-то на Наммо, Мортен Брандтзег.
Брандтзег објаснил дека моментално, заради војната во Украина, побарувачката за артилериски гранати е 15 пати поголема од вообичаено (дури и да не се користат нивни гранати во Украина, тие служат за пополнување на испразнетите западни резерви). И покрај тоа што е дел од воената индустрија на Норвешка, компанијата не добива никаков приоритет во однос на другите корисници на струја.
Ова е проблем затоа што струјата во областа во која се наоѓа Наммо, Рауфос, се служи по систем прв дојден, прв услужен.
Во пракса тоа значи дека електричната мрежа во Рауфос нема дополнителен капацитет за Наммо да го зголеми своето производство, бидејќи вишокот што го имало во мрежата веќе е резервиран од Тикток.
Ова го потврдуваат и од компанијата за електрична енергија, Елвиа, според кои дури и Наммо да нарача дополнителен капацитет ќе треба време дур тој биде испорачан бидејќи претходно е неопходно „засилување“ на мрежата.
Да не биде дека Норвежаните се оперирани на параноја, Брандтзег во интервју за Фајненшл тајмс порачува дека не ја исклучува можноста дека не чиста коинциденција тоа што кинеската компанија го попречува растот на нивните производствени капацитети.
Норвешка е посебно популарна дестинација за датацентри на големите технолошки компании, главно заради вишокот електрична енергија од обновливи извори (хидроцентрали) и дифолтните ниски температури во земјата.
Тикток од претходно најави дека планира во Норвешка да го изгради својот најголем датацентар кампус до ноември 2023.